БУДВА

Прикажано од НОВА ГОДИНА

Aвтобус 3 дена/ 2 ноќи

 НОВА ГОДИНА ВО БУДВА

29.12.2023 - 01.01.2024

ПРОГРАМА:

1 ден: 29.12.2023 год. (петок)
Поаѓање во вечерните часови. Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори и царински формалности.

2 ден: 30.12.2023 год. (сабота)
Пристигнување во Будва во предпладневните часови, пауза за фотографирање, кафе и уживање во прекрасната панорама на Св.Стефан – едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море. Сместување во апартман/хотел.Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање во предновогодишна атмосфера со Александра Пријовиќ. Ноќевање.

3 ден: 31.01.2024 год (недела)
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!
Наутро заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник . Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија… Враќање во Будва.Забава на плоштад (индивидуално) со познатите звезди Тони Цетински и Ван Гог.

4 ден: 01.01.2024 год. (понеделник)
Последниот ден е предвиден за факултативна посета на Порто Монтенегро – уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус во едно. Главен инвеститор на целиот проект е канадскиот милијардер Питер Манк, бегалец од нацистичка Унгарија. Канадскиот милијардер за 3.26 милиони евра од владата на Црна Гора го купи целосно военото бродоградилиште “Арсенал” во Тиват и го претвори во марина за мегајахти и плац со површина од 24 хектари за изградба на станови наменети за продажба. Но, тоа повеќе воопшто не е така. Со никнувањето на првиот хотел со пет ѕвездички, The Regent, дури и Лорд Ротшилд и самиот изјавил дека се работи за вистинско чудо кое едноставно мора да се доживее. Потоа групата се упатува кон Тиват каде што ќе има слободно време за ручек. Потоа посета на Котор.
Во попладневните часови тргнување назад кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови

Цена на аранжманот за уплата до 01.12.2023 – 99€ / 6.138 денари

Редовна цена на аранжманот – 109€ / 6.758 денари

Во цената e вклучено:

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

НАПОМЕНИ: 

  • Во хотелите/апартманите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањетo.
  • Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на на лице место.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!
  • При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи ,за секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените агенцијата.

  ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ