БУДВА

Aвтобус 3 дена/ 2 ноќи

 НОВА ГОДИНА ВО БУДВА

30.12.2021 - 03.01.2022

Будва со години е една од хит Новогодишните дестинации – заради нејзините природни убавини, заради интересните патувања и градови кои се посетени за време на патувањето, заради одличното вино и добрата храна што ја нуди овој медитерански бисер, а пред се заради нејзиниот врвен квалитетен ноќен живот и организација на најдобриот новогодишен пречек во овој дел на Европа! Запознајте се со убавините на Будва, посетете ја Будва … и забавувајте се на пречекот на Новата 2022 година!

1 ден 30.12.2021(четврток) СКОПЈЕ - БУДВА

Поаѓање во 22.30 часот за Будва.

2 ден 31.12.2021(петок) БУДВА

Пристигнување во Будва во утринските часови, посета на Св. Стефан - едно од најатрактивните места во Црногорското приморје. Сместување во апартманите. Потоа прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св. Иван, Св. Марија... Слободно попладне. Дочек на Новата 2022 година на плоштадот каде свој настап ќе има Gibonni . Ноќевање.

3 ден 01.01.2022(сабота) КОТОР - ТИВАТ - БУДВА

Факултативен  излет до Котор,Тиват, Порто Монтенегро. Разгледување на стариот дел на Котор - Катедралата на св. Трипун, Столбот на срамот... Посета на Тиват со најлуксузното  пристаниште Порто Монтенегро. Враќање во Будва. Забавата продолжува повторно на плоштадот со настап на  Лепа Брена Ноќевање.

4 ден 02.01.2022(недела) БУДВА - СКОПЈЕ

Напуштање на апартманите во 10 часот. Излет до Цетиње - старата престолнина на Црна Гора. Посета на Цетински Манастир каде се наоѓаат моштите на Петар Цетински. Слободно време. Поаѓање за Македонија во попладневните часови,  ноќно возење со попатни паузи.

5ден 03.01.2022(понеделник)

Пристигнување во Македонија во ноќните или раните утрински часови.

Цена на аранжманот за уплата до 30.11.2021 – 4.200 денари

Редовна цена на аранжманот – 4.800 денари

Во цената е вклучено:

 - Автобуски превоз на дадената релација;

 - 2 ноќевања во студија и апартмани во Будва;

 - Посета на Цетиње;

 - Организација и придружник на патувањето.

Во цената не е вклучено:

 - патничко здравствено осигурување - без франшиза - (200 ден);

 - целодневен излет  до Тиват, Порто Монтенегро и Котор – 10 евра (миниум 25 патници);

 - влезници за културно историските споменици;

 - туристичка такса 1 евро за Цетиње .

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници;
  • За секое лице потребен е пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање;
  • Може да се патува и со лична карта.

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО Црна Гора

Ве информираме дека при влез во Црна Гора  според Covid-19 протоколот потребно е да се приложи еден од следните документи:

* Негативен PCR или негативен Брз антиген тест. Копија од Тестот задолжително носете со вас, или
* Потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината). Сертификат за вакцинација задолжително носете го со Вас, или

* Сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но максимум до 6 месеци од датумот на тестирање). Сертификатот задолжително носете го со Вас.

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА

Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:

  1. Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
  2. Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
  3. Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
  4. Негативен резултат од брз  Антиген тест направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.

Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.

  ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ