ИСТАНБУЛ

Прикажано од ВЕЛИГДЕН

Автобус/ 5 дена/ 2 ноќевања

 ВЕЛИГДЕН ВО ИСТАНБУЛ

ПРОГРАМА:

1-ви ден: (четврток) 13.04.2023

Поаѓање во попладневните часови. Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.

2-ри ден: (петок) 14.04.2023

Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локален водич пред хотел. Програмата започнува со панорамска обиколка на Истанбул .Обиколката започнува од Европскиот дел на градот.  Посета на паркот Емирган (фестивал на лалињата). Паркот Емирган е тесно поврзан со лалето, традиционалниот цвет, кој го дал своето име на една ера (1718-1730) на Отоманската империја. Во 1960-тите години во паркот Емирган беше формирана посебна градина за да ја оживее традицијата на одгледување лалиња во градот. Од 2005 година, овде секој април се организира годишен меѓународен фестивал на лалиња што го прави паркот атрактивен и многу шарен со овие цвеќиња. Зафаќа површина од 117 хектари (470.000 квадратни метри) на рид и е ограден со високи ѕидови. Во паркот со две украсни езерца има растенија од повеќе од 120 видови. Се упатуваме кон  историскиот центар Султанахмет. Разгледување на знаменитостите на хиподром. По можност посета на Сината џамија – единствена со 6 минариња. Следи факултативна посета на Топкапи палатата. Оваа исклучително важна палатабила седиште на Отоманската империја повеќе од 4 века, а денес претставува еден од најпосетуваните музеи во „Главниот град на светот“. Топкапи Сарај е подигнат во средината на 15-тиот век, по наредба на султанот Мехмед II „Освојувачот“. Градбата била направена врз старо византиско утврдување, а дел од камените столбови, како и кадата во која се крштевале византиските цареви се се уште зачувани и претставуваат дел од културното наследство, кое е под заштита на УНЕСКО од 1985 година. Можност за посета на Аја Софија или Света Софија позната и како Црква на светата мудрост – единствен храм на светот кој бил црква, џамија, музеј и повторно црква. Изградена е во 537 година и како православна црква функционирала се до 1204 година, кога станала католичка црква. Во 1261 година повторно ќе стане православна, за во 1453 година да стане џамија, се до 1953 година кога Аратурк решава да ја претвори во музеј. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Навечер организиранa свечена вечера на брод со целосно мени и неограничена конзумација на алкохолни и безалкохолни пијалоци.. Богата програма од фолклорни ансамбли, танчери, диско програма. Ноќевање.

3-ти ден: (сабота) 15.04.2023

Појадок. Факултативна посета на Принциските Острови со брод. Тргнување со брод од пристаништето. Се плови преку Мраморното Море до Островот на принцовите пловидбата трае околу 1,45 час. (– архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². На островите живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата за турската воена морнарица…Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија. Најголемиот од нив е Бујук Ада – тоа е островот што е посетен за време на екскурзијата. На островот постојат мини електрични автобуси со кои можете да ги видите сите убавини во една обиколка. Обиколката на островот трае 30 мин. Исто така можете да изнајмите некој од прекрасните велосипеди накитени со многу разнобојни цвеќиња и да ја доживеете маѓијата на островот на посебен начин. Прекрасните рибни ресторанти покрај морето се вистинско уживање за сите туристи. Враќање кон Истанбул.. Навечер се упатуваме кон најпопуларниот плоштад во Турција-Таксим и улицата која води до Галата Кула кои се посетувани од над 3 милиони посетители дневно. Слободно време  и шопинг во многубројните продавници, ресторанти, кафулиња.. Враќање во хотелот.Ноќевање.

4-ти ден: (недела) 16.04.2023

ОТКРИЈ ЈА АЗИСКАТА СТРАНА НА ИСТАНБУЛ

Појадок. Се уптатуваме кон Азиската страна на Истанбул. Посета на Ускудар. Ускудар е област која се наоѓа на азискиот брег на Босфор,веднаш преку Бешикташ. Ускудар е познат по прекрасното крајбрежје, Моминската кула, ридот Чамлица, шумичката Фети-паша, историските места како и џамиите од 16 век… Во овој дел од градот ќе ги доживеете убавините на градот како вистинските жители на Истанбул. Овде ќе имате можност да уживате покрај брегот на седејки на разнобојните килими пиејќи чај.Слободно време прошетка покрај брегот.. Можност за посета и на Момината Кула (Kiz Kulesi), слободно време за кафе.. Потоа се упатуваме кон Mall Watergarden İstanbul (Распеани фонтани) и најновиот трговски центар Emaar. Mall Watergarden İstanbul – каде ќе го гледаме светлосното шоу на распеаните фонтани. Исклучителна кореографија на вода, светлина, ласерски ефекти и музичко шоу. Базенот се наоѓа на површина од 5 илјади квадратни метри во срцето на Watergarden Istanbul и се смета за „најголемиот“ базен во Европа. По посетата на Вотергарден Мол, продолжуваме до најновиот трговски центар Емаар во Истанбул.Ќе имате можност да купувате во продавниците на некои од светски познатите брендови, а исто така и на многу локални брендови, како што се Hugo Boss, Guess, Gucci, Hermes, Lc Waikiki, Victoria’s Secret, Zara, Kemal Tanca, Hotic, Altinbas и други.. Слободно време за шопинг.Враќање во хотелот. Навечер Факлутативна посета  и шопинг на облакодерот “Сафир” – највисоката зграда во Европа висока 236 метри. Ќе се искачиме до последниот кат на панорамското игралиште, каде се открива неверојатна глетка кон градот и Босфор. Нуди неверојтана атракција – симулација на лет  над градот – 4D- возење со хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Moминската Кула. Прекрасно искуство на 64иот кат на зградата од која се гледа целиот Истанбул. Враќање во хотел.  Ноќевање.

5-ти ден: (понеделник) 17.04.2023

Појадок. По појадокот одјавување од хотел и тргнување кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум Florya кој нуди разглед на разнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума.Во склоп на аквариумот има шопинг центар кој има продавници од секаква категорија. Покрај аквариумот и шопинг центарот има прекрасно крајбрежје со прометно шеталиште покрај морето. Слободно време за ручек. Мал одмор и тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните/ утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 129 ЕВРА ПО ЛИЦЕ/ 7.998МКД

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Три ноќевања со појадок во хотел 3* во близина на Капали чаршија
  • Придружник на патувањето

 ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Панорамна обиколка + Емирган парк +  Султанахмет + – 20 еур
  • Топкапи палата – 30 еур
  • Принцески острови со брод  – 35 еур
  • Таксим плоштад – 10 еур
  • Азија (целодневна) – 30 еур
  • Облакодер Сафир – 30 еур
  • Аквариум Florya – 25 еур
    Пакет екскурзии – 170 еур (без традиционална вечера на брод)
  • Турска традиционална вечера на брод по Босфор – 50€
  • Турска традиционална вечера во ресторан  – 30€
    Патничко осигурување – 250 денари (без фрашиза).
  • НАПОМЕНА: Патувањето е од туристички карактер – минимум 2 екскрузии по избор се ЗАДОЛЖИТЕЛНИ!

 

 ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ