СОКО БАЊА

Прикажано од ВЕЛИГДЕН

 Автобус / 4 дена / 3 ноќевања

 СOKO БАЊА 

Програма на патувањето: 

14.04.2023  Скопје – Соко бања

Состанок на групата во 05.30час. Поаѓање за Соко Бања во 06.00часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Соко Бања околу пладне и сместување во хотел Бањица. Ручек. Краток одмор и освежување од патувањето, по што се заминува на организирана прошетка низ поширокиот центар на Сокобања со локален водич (Милошев конак, турско купатило, црквата Св.Преображение..) Слободно време за индивидуални активности или релаксација во џакузи базенот во хотелот. Вечера.

15.04.2023  Соко бања

Појадок. После појадокот, заминуваме на организирана пешачка тура со локален водич, до излетничкото место Лептерија и Сокоград. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор или индивидуална посета и релаксација во термалните базени на СокоТерме. Вечера. Вечерта можност за посета на црквата Св.Преображение. Ноќевање.

16.04.2023  Соко бања – Скопје

Појадок. Ден предвиден за традиционален велигденски ручек-пикник на планината Озрен, со богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача) и организирани активности и натпревари во природа на отворено (влечење на јаже, фрлање на камен од раме, скок во далечина…). Враќање во хотел, слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

17.04  Соко бања – Македонија

Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време до поаѓање за Македонија. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 
Цена на аранжманот за пријави до 15.03.2023 -  139€/8.618мк
Редовна цена на аранжманот - 159€/9.985мкд
                                   
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел Бањица 3* на база 3 ноќевања
- Исхрана на база 3 полни пансиони (појадок-шведска маса, ручек и вечера сет мени)
- Организиран разглед на Соко Бања со локален водич
- Организирана прошетка до Лептерија и Сокоград со локален водич
- Организиран излет на планината Озрен со традиционален велигденски ручек и богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача)
- Туристичка такса
- Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето
 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Индивидуални трошоци (групна карта за Соко Терме 600динари/ индивидуална карта 1.300динари)
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување

Напомена:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на пасошот мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)

 ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ