ВЕНЕЦИЈА И ВЕРОНА

Прикажано од ВЕЛИГДЕН

Автобус / 4 дена / 2 ноќевања

Венеција едноставно плени со своите разобојни палати, канали, безброј мостови, тесни улички, мали плоштади… Трагата на вековите што изминале е впиенa во секој нејзин дел. Посетете ја Дуждевата Палата и уверете се во моќта и сјајот на владетелите на Венеција. Мостот на Воздишките е врзан за многу легенди, но вистината за него е многу поинаква од првата љубовна асоцијација!

Програма на патувањето: 

Прв ден: 13.04 (четврток)  Скопје –Трст
Поаѓање во попладневните часови. Ноќно патување преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи и царински формалности.
 
Втор ден 14.04 (петок) Трст – Оutlet Noventa Di Piave – Падова.
Пристигнување во Трст во претпладневните часови. Продолжуваме со панорамски разглед на градот со посета на Понто росо, црквата Св. Спириндон, Римскиот театар, црквата Сан Антонио Нуово, плоштадот на Италијанското единство.
Слободно време за индивидуални активности. Состанок со групата на претходно договореното место во пладневните часови и продолжување во еден од најпознатите шопинг центри во Европа – Noventa di Piave. Патување и сместување во хотелот. Ноќевање.
 
Трет ден 15.04 (сабота)  Падова – Верона – Падова
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативен излет во Верона и Падова: градот на Ромео и Јулија, плоштадот Бра,Арена, плоштадите Ербе и Сињорија, палатата и гробницата на семејството Скалијери, куќите на Ромео и на Јулија. Враќање од Верона и посета на Падова проследено со туристички водич: плоштадот Прато дела Вале, базиликата Св. Антониа, палатата на Правдата, плоштадите Ербе и Фрути, кафе Педроки. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
 
Четврти ден  16.04 (недела)  Падова – Венеција – Скопје
Појадок. Одјавување од хотелот. Се упатуваме кон Венеција: посета на пристаништето Пунта Сабиони и упатување со брод кон Венеција. Разглед на градот: плоштадот Св. Марко, Базиликата, Дуждевата
палата, мостот Риалто, мостот на Воздишките… Слободно време за индивидуални активности.Состанок на групата во претходно договореното време со водичот и враќање во хотел . Тргнувањеза Македонија во попладневните часови. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија.Пристигнување во утринските часови.

Цена на аранжманот:

Термин: 139 Є (8.620,00 мкд)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Превоз со високо-туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Разглед на Трст и outlet Noventa Di Piave
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Организиран превоз
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
  • патничко осигурување 
  • Верона и Падова 40 евра – целодневна
  • Венеција 20 евра (задолжително)
  • Туристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/3 соба – 30 % попуст
 
НАПОМЕНИ:
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето


Важат Општите услови за патување на СКТМ и СКОБУЛ