БЕЛГРАД

Прикажано од 8ми ДЕКЕМВРИ

 Aвтобус 2 дена/ 1 ноќевање

 БЕЛГРАД со Нови Сад – 8ми Декември

Термин: 08.12-09.12.2023

Програма на патувањето

08.12.2023  (петок) Скопје – Белград

Состанок на групата по договорено време. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград во утринските часови. Посета на шопунг центар Ушче. Панорамско разгледување на градот со локален водич: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Калемегдан, Кнез Михајлова улица, Мостовите на Сава, Дедиње… Се упатуваме и сместуваме  во хотелот во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

09.12.2023  (сабота) БЕЛГРАД – НОВИ САД 

Појадок. После појадокот (факултативно) тргнување за Нови Сад. Разглед на градот со стручен локален водич: Петроварадинската Тврдина, Стариот град, Музејот, црквата Св. Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн. Слободно индивидуално време во центартот на градот.  Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во ноќните часови.

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Виница, Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово

ЦЕНА НА АРНЖМАНОТ  79€ / 4.900 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • ГРАТИС – Разглед на Белград со локален водич
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Белград
  • Посета на трговскиот центар „Ушче“

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување 150 мкд
  • Посета на Нови Сад – 25 еур по лице

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

НАПОМЕНИ: 

  • Дете со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите/апартманите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањетo.
  • Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на на лице место.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ