БЕЛГРАД 2024

Прикажано од НОВА ГОДИНА

Aвтобус 3 дена/ 2 ноќи

НОВА ГОДИНА ВО БЕЛГРАД

31.12.2022 - 02.01.2023

Програма на патување: 

1.Ден 30.12.2023 (Сабота)

Состанок со групата во 23:30 часот. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден 31.12.2023 (Недела)
Пристигнување во Белград во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со локален водич: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Калемегдан, Кнез Михајлова улица, Мостовите на Сава, Дедиње… Се упатуваме и сместуваме  во хотелот во попладневните часови. Слободно време. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи, кафеани. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

3.Ден 01.01.2023 (Понеделник)
Појадок. После појадокот (факултативно) тргнување за Нови Сад. Разглед на градот со стручен локален водич: Петроварадинската Тврдина, Стариот град, Музејот, црквата Св. Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн. Слободно индивидуално време во центартот на градот. Враќање во Белград во вечерните часови. Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.

4.Ден 02.01.2024 (Вторник )
Појадок. Одјавување од хотел. По појадок посета на трговски шопинг центар GALERIJA. Слободно време за шопинг, ручек, прошетка. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 135 / 8.370 мкд. (за уплата до 01.12.2023)

 

Редовна Цена: 145 / 8.990 мкд.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • Разглед на Белград со локален водич
  • 2 ноќевања со појадок во хотел Србија
  • Посета на трговскиот центар ГАЛЕРИЈА
  • Посета на храм Св. Сава
  • Посета на Кнез Михајлова улица

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување 
  • Туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција)
  • Факултативен излет до Нови Сад со водич – 25 еур

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

НАПОМЕНИ: 

  • ВАЖНА НАПОМЕНА
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите/апартманите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањетo.
  • Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на на лице место.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!
  • При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи, за секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата.
  • Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ