ПРАГА, ДРЕЗДЕН И БРАТИСЛАВА

Прикажано од ВЕЛИГДЕН

Автобус / 4 дена / 2 ноќевања

 Главниот град на Чешка изобилува со убавини од кои застанува здивот. Прага е убава во секој дел од годината, но најубава е во есен кога сé наоколу е обоено во златни нијанси

ТЕРМИН: 13.04-16.04.2023

Програма:

1 ден   13.04.2023 :  Скопје – Белград – Унгарија – Словачка – Прага.
Тргнување од Кочани пред туристичката агенција во утринските часови.  Се упатуваме кон Прага со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење.

2 ден   14.04.2023: Прага
Очекувано пристигнување во Прага во утринските часови. Од тука групата веднаш се упатува на разглед на Стариот град со локален водич, прекрасниот Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. По разгледот следува слободно време за ручек. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден 15.04.2023  Прага – Дрезден  (факултативно)
Појадок. Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по Втората светска војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.п.н.е. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на „Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да Ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. . . Предлагаме крстарење по Влтава. Прекрасно вечерно крстарење од каде се поминува низ срцето на Прага. По завршувањето на крстарењето следува слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.   

4 ден  16.04.2023 : Прага  – Братислава.
Појадок. После појадокот, поаѓање за Братислава, Слободно време за индивидуални активности, ручек, прошетки и поаѓање за Скопје во попладневните часови.

5 ден   17.04.2023
Пристигнување во Скопје во утринските часови.


ЦЕНА: 119 ЕУР / 7380 ден

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз
  • Две ноќевања во хотел 3*/4* во Прага со појадок
  • Посета на Братислава
  • Организација и водство на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Разглед на Прага со локален водич – 15 евра (задолжителна)
  • Вечерно крстарење по В`лтава – 20 евра
  • Посета на Дрезден – 30 евра
  • Патничко осигурување 250 денари
    Туристичка такса за хотел 2.5 еур од ноќ

Пакет сите факултативи 60 евра

НАПОМЕНИ: 

  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
  • Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници
  • За секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројот на пријавени патници.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)