JENNY 3* – Сивири
ОПИС:
Хотелот Jenny 3* се наоѓа на околу 200 метри од добро уредената плажа и на околу 50 метри од центарот на Сивири, на главната улица. Во близина на хотелот Џени има локална автобуска станица. Собите се чистат секојдневно, а постелнината се менува на секои три дена. Храната во хотелот е повеќе балканска отколку грчка, со оглед на тоа што сопственици и готвачи се македонци. Хотелот Џени Сивири им го препорачуваме на семејствата кои бараат економичен одмор на Халкидики, недалеку од плажата и центарот на сите настани, а во него може да се сместат и петчлени семејства. Две деца бесплатно.
Оброци: појадок и вечера – шведска маса.
СОДРЖИНА:
Рецепција, надворешен базен, детски базен, бар покрај базен, снек бар, Wi-Fi интернет, чадори и лежалки покрај базен, простор за скара, градина, изнајмување автомобили, туристичко биро, паркинг.
ОПИС НА СОБАТА:
Бања, клима, мини-бар, фрижидер, ТВ, балкон со седење, Wi-Fi интернет
ЛОКАЦИЈА: GOOGLE MAPS ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ
ПОПУСТ ЗА РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
-10% попуст на првите и последните 3 термини за резервации до 28.02.2026 со уплата 50% при резервација и целосна доплата 14 дена пред датата на поаѓање. Останатите термини се со РЕДОВНИ ЦЕНИ.
Цените се по ЛИЦЕ во € за 7 полупансиони
Прво и второ дете до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО
| период | услуга | цена за две лица во 1/4 соба |
| 30.05-06.06.2026 | 7 полупансиони | 690 € |
| 06.06-13.06.2026 | 7 полупансиони | 770 € |
| 13.06-20.06.2026 | 7 полупансиони | 870 € |
| 20.06-27.06.2026 | 7 полупансиони | 950 € |
| 27.06-04.07.2026 | 7 полупансиони | 1010 € |
| 04.07-11.07.2026 | 7 полупансиони | 1090 € |
| 11.07-18.07.2026 | 7 полупансиони | 1150 € |
| 18.07-25.07.2026 | 7 полупансиони | 1250 € |
| 25.07-01.08.2026 | 7 полупансиони | 1250 € |
| 01.08-08.08.2026 | 7 полупансиони | 1250 € |
| 08.08-15.08.2026 | 7 полупансиони | 1250 € |
| 15.08-22.08.2026 | 7 полупансиони | 1250 € |
| 22.08-29.08.2026 | 7 полупансиони | 1150 € |
| 29.08-05.09.2026 | 7 полупансиони | 1050 € |
| 05.09-12.09.2026 | 7 полупансиони | 950 € |
| 12.09-19.09.2026 | 7 полупансиони | 850 € |
| 19.09-26.09.2026 | 7 полупансиони | 710 € |
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари.
Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во соба кои плаќаат полна сума
Услуга полупансион (појадок и вечера)
Цените обележани со црвено се промо цени и на нив не следува попуст
Сместување во соба 1/2+2 = 1 голем (брачен) кревет + 2 единечни кревети
Прво и второ дете до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО
Трет возрасен во соба доплата 250 евра за цел престој.
Четврт возрасен во соба доплата 180 евра за цел престој.
Дете од 3 до 8 години како 5 то лице во соба доплата 100 € во кревет со родител
Бебешко креветче – бесплатно,
Во цената Е вклучено:
- 7 полупансиони (шведска маса)
- Клима уред
- Безжичен интернет
- Користење отворен базен со слатка вода
- Бесплатно лежалки, чадори на базен во хотелот
- Детски дел во дворот на хотелот
Во цената НЕ Е вклучено:
- Превоз
- Туристичка такса 5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Напомени!
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до пред хотелот. Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
- Сместување во собите е после 14;00 часот (локално време) Напуштање на собите е до 10;00 часот (локално време)
- За уплатени два аранжмани 7+7 попуст 7% на вториот аранжман (не се комбинира)
- Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот.
- Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во хотелот
- Попустите не може да се комбинираат
- Сместувањето е согласно капацитетот на кревети (договорот за патување) Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
Полупансион:
Појадок 08:00-10:00 часот – шведска маса
Вечера 19:00-21:00 часот – шведска маса
За време на патувањето и престојот во хотелот, гостите се должни да ги почитуваат мерките и правила согласно политика на хотелот истакнати и напоменати при влез во соба.
Агенцијата оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ

