Villas YAGODA & MALINA

 Yagoda Villas се сместени на 2 km (околу 30 мин. пешачење) од центарот на Боровец. Вилите се опкружени со борови дрвја и погодни се како за фамилии, така и за групи пријатели. Отворени се за гостите преку цела година. Сите се опремени со чајна кујна, а некој имаат сауна. Сите имаат тераси со гарнитуди за седење и купатило со туш. Вкупно се 40: 13 luxury villas, 10 со сауна, 17 стандардни. Погодни се за сместување до 4 лица (со опција на дополително помошно легло или бебешко креветче).  Од останатите активности во понуда се пинг-понг, фудбал, ракомет, одбојка, кошарка и бадминтон, детски игралишта, велосипеди и ролерки за рентање, сауна, паркинг. YAGODA вилите се тип на студио со дневна соба со брачен и 2 единечни легла, делот за седење, гардеробер и TV и Wi-Fi, спална со 2 кревети на кат, комфорни за возрасни или деца, кујна со рерна, фрижидер и лавабо, опремена со основни садови за готвење и јадење, купатило со туш, тераса со клупа и масичка, 10 вили имаат и сопствена сауна. Комплексот има и ресторан со традиционални јадења.

Malina Villas се сместени во близина на Yagoda Villas и исто опкружени со борова шума, на 2 km од центарот на Боровец. Попогдна е за поголеми семејства и друштва, затоа што имаат по две спални. Malina Villas се 28 комфорни, дрвени двоспални куќички, од кои 24 стандардни и 4 луксузно опремени. Погодни се за сместување до 6 лица (со опција на дополнителни 1 или 2 легла на прв кат). Гостите на Малина можат да го користат ресторанот на Јагода, кој што е на само 100 м оддалечен. Гостите имаат и бесплатен паркинг. Вилите имаат дневна соба со кревет, делот за седење, гардеробер, TV и Wi-Fi, 2 спални на кат, кујна основно опремена со садови за готвење и јадење, купатило со туш, тераса со клупа и масичка.

*Во двата комплекси се дозволени домашни миленици, со најава и доплата.

 

 

 

ПОПУСТ ЗА РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.11.2023  

Бонус: 7=6 за период на престој од 01.12.-23.12.2023, 04.03 - 31.03.2024 
Бонусот СЕ комбинира со попустот за рани резервации 

YAGODA & MALINA

НАЕМ НА ВИЛА

01.12-23.12.2023

04.01-31.01.2024

04.03-31.03.2024

 

24.12-29.12.2023

01.02-03.03.2024

30.12-03.01.2024

YAGODA ECONOMY        (4 лица) 104€ 126€ 193€
YAGODA STANDARD       (3 лица) 126€ 146€ 213€
YAGODA LUX + SAUNA  (4 лица) 159€ 192€ 236€
MALINA    (6 лица) 118€ 138€ 205€

Цените вклучуваат: ноќевање, паркинг, WI-FI, бесплатно користење на надворешен спа простор / две џакузи, сауна, ладно топење, простор за релаксација/, разни друштвени игри

Доплати: 
▪ Доплата за појадок - возрасни  10€ / деца 4-12.99г -  5 € 
▪ Доплата за полупансион - возрасни  24€ / деца 4-12,99г - 12 € 
▪ Доплата за новогодишна вечера (задолжително) : возрасни - 90€, деца 4-12,99г - 50€ 

Во цените не е вклучено : патничко осигурување и туристичка тaкса 1€ по лице на ден
 
Цените се дадени во евра, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ТА СКОБУЛ И СКТМ