ИСТАНБУЛ

Прикажано од 24 MAJ

Автобус/ 5 дена/ 3 ноќевања

ИСТАНБУЛ И ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ

20.05 - 24.05.2022

Програма на патувањето:

1 ден Петок (20.05.2022)   СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 15:30 и паѓање за Истанбул во 16:00 часот. Се патува преку Р. Грција – граничен премин Евзони со попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден Сабота (21.05.2022)   ИСТАНБУЛ НА ДЛАНКА - КРСТАРЕЊE

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Сулејманија, Фатих џамија… Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, висока (238м), од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја. Потоа, предлагаме возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Сместување во хотел... Факултативно, во попладневните часови предлагаме посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор... Европа - Азија). Слободно време да се ужива во ова прекрасно место за да се испие кафе и да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул - ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

3 ден Недела (22.05.2022)   СУЛТАН АХМЕТ ПЛОШТАД-ТОПКАПИ ПАЛАТА-КАПАЛИ ЧАРШИЈА

Појадок. Пешачка тура во Срцето на Истанбул - Султан Ахмет плоштад, каде што ќе може да се слушне приказната за Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул - Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија - изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители... Факултативно, прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните... Посета на Капали Чаршија- затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини... Сместување во хотел. Ноќевање.

4 ден Понеделник (23.05.2022)   ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ – ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ

Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната резиденција на Отоманскиот султан која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Потоа, предлагаме факултативна посета на Принцески Острови (Büyükada,Heybeliada, Burgazada...) - архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². каде живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила, а како основно средство за превоз се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата на турската воена морнарица...Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија. Во вечерните часови факултативно, предагаме посета на национален ресторан или ресторан на брод или ноќна забава во најпопуарниот Rooftop на Таксим. Ноќевање.

5 ден Вторник (24.05.2022)    ПЈЕР ЛОТИ-БАЛАТ-ФОРУМ

Појадок. Посета на Пјер Лоти, ридот со поглед на Златниот рог во Ејуп. Ридот на Пјер Лоти нуди спектакуларен панорамски поглед на седумте ридови во Истанбул, можност да се вкуси најубавото турско кафе и најубавото Ѓомлезе во градот. Тука ќе ја слушнете и приказната за забранетата љубов на Пјер Лоти и Азизе... Прекрасен излет покрај брегот на Златниот рог, се посетува стариот историски кварт на Истанбул, познат под името Балат, со тесни улички, стари и колоритни куќи - место каде што се снимаат бројни турски серии... Посета на Вселенската Патријаршија, една од четиринаесетте автокефални православни цркви со седиште во Истанбул. Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум, Ikea, Decatlon, Koctas… Tргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Р.Грција со попатни паузи. Пристигнување наредниот ден во утрински часови.

ЦЕНА за рана уплата до 11.05: 99 евра / 6.140 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 евра / 8.000 ден.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Смествање во хотел Erden Sarayevo во Истанбул, на база 3 ноќевања со појадок https://hotel-erden-sarayevo.business.site/
  • Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Хиподромот, Сината Џамија, Аја Софија, Капали чаршија...
  • Посета на Вселенска Патријаршија
  • Посета на Таксим
  • Посета на трговски центар Форум
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Панорамски разглед на Истанбул со локален водич 10 евра
  • Крстарење со брод по Босфор 20 евра
  • Посета на “Sapphire Seyir Terasi” со 4Д проекција 20 евра
  • Посета на Азискиот дел Ускудар - Белербеј, низ подводниот тунел Мармарас 15 евра
  • Посета на Топ Капи Палата ( водич, влезница) 30 евра
  • Посета на Долма Бахче Сарај ( водич, влезница) 30 евра
  • Посета на Национален ресторан / ресторан на брод / rooftop на Таксим
  • Принцески острови 25 евра
  • Пјер Лоти и Златен Рог (влезница, водич) 10 евра
  • Доплата за 1/1 соба 3.900 денари
  • Патничко – здравствено осигурување

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на патувањето

Цените се во евра, а плаќањето е исклучиво во денари по курс 62 мкд=1евро

 

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ