НЕИ ПОРИ – вила DIAS
Вилата „Dias“ се наоѓа во Неи Пори на 50 метри од плажа, располага со трокрветни студија, четворокреветни мезонети-апартмани и петкреветни апартмани, сите опремени со кујни, купатило со WC, ТВ, клима уред, балкони со директен или страничен поглед на море и апартмани со поглед на двор. Сите соби имаат ТВ, клима уред која се доплаќа 6€ од ноќ.
Неи Пори е познато и многу посетувано туристичко место во областа Пиерија. На оддалеченост 160 км. од границата Пресвета Богородица-Гевгелија ,ова туристичко место е релативно блиску а сепак нуди нешто повеќе за туристите. Широките плажи со ситен песок, булеварите и пространите улици, уредените паркови, цркви, многубројните таверни, долгото шеталиште, модерните вили и хотели го карактеризираат Неи Пори за дестинација на која се навраќате повторно и повторно. Медитеранската клима затскриена во пазувите на планината Олимп го прават идеалното летувалиште што може природата да го соедини. Многу кафетерии, слаткарници, гиро ресторани, ресторани со тематски содржини, детски забавни паркови се само дел од вашето летно доживување.
Координати до вилата „Dias“.
Цени за термини по типови простории и услуги 2026
| ТЕРМИН | НАЕМ | Студио 1/3 бр. 303, 304 (максимум 4 лица) | Студио 1/4 бр. 202 (максимум 4 лица) | Апартман-мезонет 1/2+1/2 поглед во двор бр. 101, 102 (максимум 4 лица) | Апартман 1/3+1/2 поглед на море бр. 201, 301 (максимум 5 лица) |
| 16.05.2026* | 7 | 69* | 69* | 79* | 79* |
| 23.05.2026* | 7 | 89* | 89* | 99* | 99* |
| 30.05.2026* | 7 | 109* | 119* | 129* | 139* |
| 06.06.2026* | 7 | 129* | 139* | 139* | 149* |
| 13.06.2026 | 7 | 389 | 399 | 409 | 489 |
| 20.06.2026 | 7 | 429 | 449 | 459 | 499 |
| 27.06.2026 | 7 | 449 | 489 | 489 | 539 |
| 04.07.2026 | 7 | 479 | 509 | 509 | 589 |
| 11.07.2026 | 7 | 509 | 549 | 559 | 609 |
| 18.07.2026 | 7 | 529 | 569 | 579 | 629 |
| 25.07.2026 | 7 | 539 | 579 | 589 | 669 |
| 01.08.2026 | 7 | 539 | 579 | 589 | 669 |
| 08.08.2026 | 7 | 539 | 579 | 589 | 669 |
| 15.08.2026 | 7 | 529 | 569 | 579 | 629 |
| 22.08.2026 | 7 | 479 | 509 | 519 | 589 |
| 29.08.2026 | 7 | 459 | 469 | 479 | 499 |
| 05.09.2026* | 7 | 139* | 149* | 159* | 169* |
| 12.09.2026* | 7 | 119* | 129* | 139* | 149* |
| 19.09.2026* | 7 | 109* | 119* | 129* | 129* |
ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (16.05; 23.05; 30.05; 06.06;05.09;12.09 и 19.09.2026)
ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ
КЛИМА СЕ ДОПЛАЌА 6 €,WI-FI Е БЕСПЛАТНО,
ПАРКИНГ СЛОБОДЕН НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО
НАПОМЕНИ:
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– Кога има акциски попуст, НЕ важи за смените со звездичка;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ и ДУПЛЕКСИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).
СТУДИЈАТА И АПАРТМАНИТЕ : НЕМААТ КРПИ, ИМААТ САПУН И ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА
АПАРТМАН – МЕЗОНЕТА БР. 101 (1/2 +1/2) 4 лица
Располага со две спални соби кои се меѓусебно поврзани со внатрешни скали. На долниот кат во спалната соба е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, електрично решо, аспиратор+дворче .Во долната спална соба има два единечни кревети кои можат да се спојат како дупли кревет, плакар за алишта, клима уред, ТВ .Во другата спална соба која се наоѓа на вториот кат поврзана со внатрешни скали, има два единечни кревети. Апартман-мезонет има стандардно купатило со WC.
АПАРТМАН – МЕЗОНЕТА БР. 102 (1/2 +1/2) 4 лица
Располага со две спални соби кои се меѓусебно поврзани со внатрешни скали. На долниот кат во спалната соба е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, електрично решо, аспиратор+дворче .Во долната спална соба има два единечни кревети кои можат да се спојат како дупли кревет, плакар за алишта, клима уред, ТВ .Во другата спална соба која се наоѓа на вториот кат поврзана со внатрешни скали, има два единечни кревети. Апартман-мезонет има стандардно купатило со WC.
АПАРТМАН БР. 201 (1/2+1)+(1/2) 5 ЛИЦА
Апартманот располага со две спални соби меѓусебно одвоени со ѕитче без врата + кујна комотна и комплетно опремена со кујнски инвентар, електрично решо, голем фрижидер. Во едната спална соба има брачен кревет и поединечен кревет, клима уред и излегува на тераса со поглед на море. Втората спална соба има еден брачен кревет, плакар за алишта, ТВ и излегува на тераса со поглед на море. Апартманот има стандардно купатило и WC.
СТУДИО БР. 202 (1/4) 4 лица
Студиото располага со еден брачен кревет, еден поединечен кревет и еден кревет на спуштање. Во склопот на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар. Има решо со две рингли, аспиратор и фрижидер. Излегува на комотна тераса со маса и столици и има страничен поглед на море. Студиото има клима уред, ТВ и стандардно купатило со WC.
АПAРТМАН БР. 301 (1/2+1)+(1/2) 5 ЛИЦА
Апартманот располага со две спални соби + кујна комплетно опремена со кујнски инвентар .Во едната спална соба има брачен кревет и поединечен кревет и голем фрижидер и излегува на тераса со поглед на море. Втората спална соба има еден брачен кревет, плакар за алишта и излегува на тераса со поглед на море. И во двете спални соби има клима уред.. Апартманот има стандардно купатило и WC.
СТУДИО БР. 303 (1/3) 3 лица
Студиото располага со еден брачен кревет, еден поединечен кревет. Во склопот на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар. Има електрично решо ,аспиратор и фрижидер. Излегува на комотна тераса со маса и столици и има поглед на море. Студиото има клима уред ,ТВ и стандардно купатило со WC.
СТУДИО БР. 304 (1/3) 3 лица
Студиото располага со еден брачен кревет, еден поединечен кревет. Во склопот на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар. Има електрично решо, аспиратор и фрижидер. Излегува на комотна тераса со маса и столици и има поглед на море. Студиото има клима уред, ТВ и стандардно купатило со WC.
ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ

