ПРАГА
Прага, главниот град на Чешка е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа. Неговата богата историја, неверојатна архитектура и живописна култура привлекуваат милиони посетители секоја година.
ПРОГРАМА:
1 ден 06.03.2025 (четврток): Скопје – Белград – Унгарија – Словачка – Прага
Тргнување од Скопје во 12:00 часот. Се упатуваме кон Прага со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење.
2 ден 07.03.2025 (петок): Прага.
Планирано пристигнување во Прага во утринските часови. Од тука групата веднаш се упатува на разглед на Стариот град со локален водич, прекрасниот Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. По разгледот следува слободно време за ручек. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.
3 ден 08.03.2025 (сабота): Прага – Дрезден (факултативно)
Појадок. Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по Втората светска војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.п.н.е. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на „Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да Ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. . . Предлагаме крстарење по Влтава. Прекрасно вечерно крстарење од каде се поминува низ срцето на Прага. По завршувањето на крстарењето следува слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден 09.03.2025 (недела): Прага – Братислава
Појадок. После појадокот, поаѓање за Братислава, Слободно време за индивидуални активности, ручек, прошетки и поаѓање за Скопје во попладневните часови.
5 ден 10.03.2025 (понеделник) Македонија
Пристигнување во Скопје во утринските часови.
ПРОМО ЦЕНА: 149e до 15.02 – 9240ден
Редовна цена: 169e – 10 480ден
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз
- Две ноќевања во хотел 3* во Прага со појадок (хотелот е во околината на Прага)
- Fortuna West – https://www.hotelfortunawestprague.com/
- Посета на Братислава
- Организација и водство на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Разглед на Прага со локален водич – 15 евра
- Вечерно крстарење по В`лтава – 25 евра
- Посета на Дрезден – 40 евра
- Патничко осигурување 270 денари
- Туристичка такса 2.5 евра по лице од ноќевање
Пакет сите факултативи 70 евра (со резервација во агенција)
НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ