НЕА РОДА – вила LENA
На околу 100 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос, веднаш пред апартхотелот „Lazaridis“ се наоѓа вилата „Lena“. Во вилата располагаме со двокреветни, четирикреветни и петкреветни студија и апартмани на приземје и на прв спрат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Сите сместувачки капацитети имаат сопствени купатила и пространи тераси. Опремени се со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Веднаш пред вилата има простор за паркирање на возила.
ПОПУСТ ЗА РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 20.02.2025
20 % попуст за првата и последната смена во сите вили
15 % попуст за втората смена во сите вили
10 % попуст за третата смена во сите вили
7% попуст за сите останати смени
Вила „LENA” – Нea Рода 2025 | |||||
Термин: | Ноќи: | 1/2 студио (двор) бр. 7 и 8 |
1/3 студио бр.3 |
1/4 апартман бр.1 |
1/5 апартман бр.3 |
26.05-05.06.2025 | 10 | 200 € (12.400 ден.) | 250 € (15.500 ден.) | 350 € (21.700 ден.) | 400 € (24.800 ден.) |
05.06-15.06.2025 | 10 | 300 € (18.600 ден.) | 350 € (21.700 ден.) | 450 € (27.900 ден.) | 500 € (31.000 ден.) |
15.06-25.06.2025 | 10 | 400 € (24.800 ден.) | 450 € (27.900 ден.) | 550 € (34.100 ден.) | 600 € (37.200 ден.) |
25.06-05.07.2025 | 10 | 500 € (31.000 ден.) | 550 € (34.100 ден.) | 650 € (40.300 ден.) | 700 € (43.400 ден.) |
05.07-15.07.2025 | 10 | 550 € (34.100 ден.) | 600 € (37.200 ден.) | 750 € (46.500 ден.) | 800 € (49.600 ден.) |
15.07-25.07.2025 | 10 | 600 € (37.200 ден.) | 650 € (40.300 ден.) | 800 € (49.600 ден.) | 850 € (52.700 ден.) |
25.07-04.08.2025 | 10 | 600 € (37.200 ден.) | 650 € (40.300 ден.) | 800 € (49.600 ден.) | 850 € (52.700 ден.) |
04.08-14.08.2025 | 10 | 600 € (37.200 ден.) | 650 € (40.300 ден.) | 800 € (49.600 ден.) | 850 € (52.700 ден.) |
14.08-24.08.2025 | 10 | 600 € (37.200 ден.) | 650 € (40.300 ден.) | 800 € (49.600 ден.) | 850 € (52.700 ден.) |
24.08-03.09.2025 | 10 | 550 € (34.100 ден.) | 600 € (37.200 ден.) | 700 € (43.400 ден.) | 750 € (46.500 ден.) |
03.09-10.09.2025 | 7 | 350 € (27.700 ден.) | 400 € (24.800 ден.) | 450 € (27.900 ден.) | 500 € (31.00 ден.) |
10.09-17.09.2025 | 7 | 300 € (18.600 ден.) | 350 € (21.700 ден.) | 400 € (24.800 ден.) | 450 € (27.900 ден.) |
17.09-24.09.2025 | 7 | 200 € (12.400 ден.) | 250 € (15.500 ден.) | 300 € (18.600 ден.) | 350 € (27.280 ден.) |
НАПОМЕНА:
– Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење
– Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
– Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената
– Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите услови за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин
– Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време
– Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
– Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари
Организиран превоз Скопје – Неа Рода
– Тргнување од Скопје во 04.00 часот
– Цена на повратен билет 50 евра;
-деца до 2 години бесплатно (без седиште);
– деца 2-12 години – 40 евра…
Цена за билет во еден правец 40 евра; деца од 2-12 години- 35 евра. Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.
– Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.
ОПИС НА СТУДИЈА И АПАРТМАНИ:
Апартман бр.1
Четирикреветен апартман на приземје. Апартманот има две простории. Во првата соба два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Од собата се излегува на тераса. Од оваа соба се влегува во втората соба која е издвоена со лизгачка врата. Во втората соба има два единечни кревети, мебел и мини кујна опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и комплет садови за готвење и јадење. Од оваа просторија се излегува на тераса која има поглед на улицата, опремена со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина.
Студио бр.2
Трокреветно студио на приземје. Опремено е со два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и комплет садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на терасата која има поглед на улица, опремена со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина.
Апартман бр. 3
Простран петкреветен апартман на приземје. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со лизгачка врата. Во првата соба три единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во оваа просторија се наоѓа мини кујна опремена со решо, аспиратор, фрижидер со издвоена комора и комплет садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на тераса која има поглед на улицата, опремена со пластична маса и столчиња. Од оваа просторија се влегува во втората спална соба во која има два единечни кревети и мебел. Од собата се излегува на тераса која има страничен поглед на море. Купатилото е со нормална големина.
Студио бр. 7
Двокреветно студио на приземје. Опремено е со два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и основни садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на терасата опремена маса и столчиња која е составен дел од дворот пред влезот на вилата. Купатилото е со нормална големина.
Студио бр. 8
Двокреветно студио на приземје. Опремено е со два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и основни садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на терасата опремена маса и столчиња која е составен дел од дворот пред влезот на вилата. Купатилото е со нормална големина.
ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ