ИСТАНБУЛ – 2ноќевања
ИСТАНБУЛ – ВЕЛИГДЕН – 2 НОЌЕВАЊА
Истанбул е магичен град кој спојува историја и современост. Со своето расположение на два континента, тој нуди уникатно културно наследство и возбудлива атмосфера. Програмата вклучува посета на знаменитости како што се Света Софија, Сината џамија и Капали Чаршија. Учесниците ќе имаат можност да вкусат традиционална турска кујна и да се запознаат со локалниот начин на живот. Придружете ни се заедно да уживаме во шармот на Истанбул и да ги откриеме сите негови тајни!
Програма на патувањето
17.04.2025 (Четврток) Велес – Истанбул
Состанок на групата во попладневните часови. Поаѓање за Истанбул. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
18.04.2025 (Петок) Истанбул
Пристигнувањето во Истанбул вo утринските часови. Оставање на багажот во хотел и сместување доколку има можност.Поаѓање на пешачки разглед со локален водич до Капали Чаршија,Сината Џамија (Sultan Ahmet Camii) една од најкласичните разгледници на Турција која се истакнува на небото на Истанбул и Света Софија (Ayasofya Camii) или Црквата на Пресветата Мудрост,која претставува поранешна православна базилика,која во текот на својата историја била џамија ,па музеј и денес повторно џамија. Факултативна посета на Топ Капи палатата- главното седиште на администрацијата на Османлиското Царство во периодот помеѓу 1456 до 1853 година.
Слободно време за разглед/кафе и индивидуално враќање до хотел.Сместување во собите.
Во попладневните часови следува факултативен полудневен разглед (ПАКЕТ 1) :
Облакодерот Сафир
Групата продолжува во посета на облакодерот Сафир. На најгорниот кат на кулата Сафир има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед. Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон азиската и европската страна на градот. Исто така виртуелно преку симулацијата Skyride 4D Istanbul ви дава можност да пристапите и да го почувствувате она што се гледа од терасата за набљудување. Хеликоптерот што тргнува од Терасата за набљудување ги пречекува посетителите на трговскиот центар Sapphire; Ве води на едно фасцинантно патување кое го вклучува сјајот на Босфорот, волшебноста на Моминската кула, величественоста на Света Софија, мистеријата на палатата Топкапи, огнените танци во базиличната цистерна и дервишите кои се вртат во стравопочит.
Плоштадот Таксим
Најпознатиот плоштад во Истанбул на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал на која се движи познатиот трамвај. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави. Полна со многубројни бутици, кафичи, ресторани и познати дискотеки.
Галата Порт
Денес, Истанбул има нова порта кон морето, додека историското пристаниште за крстарење Каракој се реинкарнира во Галатапорт – амбициозен урбан проект што ја трансформираше поранешната индустриска област долга 1,2 километри долж Босфорот.
Овој модерен комплекс е моментален магнет за локалното население, но и за туристите, со непобедлив панорамски поглед на историскиот хоризонт на Истанбул, како и со уникатна комбинација на модни продажни места, места за јадење и уметнички музеи од светска класа…….Враќање во хотел.Ноќевање.
19.04.202 (Сабота ) Истанбул
Појадок.Собир во договореното време на рецепција и упатување кон предвидените активности.
Овој ден е планиран за целодневна факултативна екскурзија.(ПАКЕТ 2)
Панорамски разглед на Европски и Азиски дел на Истанбул со локален водич.
Пјер Лоти
Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според францускиот поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското турско кафе направено на топол песок уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас.
Продолжуваме кон Балат каде е сместена и Вселенската Патријаршија и старата грчка гимназија.
Историска и филмска населба Балат
Факултативна посета на шарената филмска населба „Балат“. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Едно од иконите и најфотографираните места во Истанбул се куќите во улицата Киремит. Куќи насликани со пастел кои создаваат жива улична сцена. Тоа е толку тивка и релаксирачка област за престој, помеѓу локалното население, далеку од зафатениот град. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул, Овде ќе ја видиме и Вселенската Патријаршија која помагала за ширењето на христијанството во овој дел, исто така овде во црквата Свети Ѓорѓија можете да го видите еден од клиновите со кој бил распнат Исус Христос.
Крстарење по Босфор
Ова е крстарење од час и половина, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите и сите познати вили од играните серии ќе можете да ги погледнете одблизу а ќе уживате и во прекрасниот поглед на Моминската кула.
Минуваме преку добро познатиот Босфорски мост, официјално познат како Мост на мачениците 15 јули ,мостот што ги поврзува Европа и Азија .Добре дојдовте во Азија.Продолжуваме со посета на Бејлербеи палатата.
Посета на палатата Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот.Оваа палата во необарокен стил која содржи 24 соби, 6 сали и една турска бања е изградена како летна резиденција, палата за османлиските султани. Се наоѓа во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиску прeку многубројните соби и хали.
Watergarden
Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Како нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат.Watergarden ви нуди широка палета на производи за да одговара на сите вкусови, продавници кои внимателно ги следат најновите трендови и ресторани за сечиј вкус.Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен.
Враќање во хотел. ……Вечерта, факултативна вечера во турски ресторан -гар. Mузичка програма (фолк танци / традиционални церемонии / ориентални танчарки).Ноќевање.
20.04.2025 (Недела ) Истанбул – Велес
Појадок и одјавување од хотел. Посета на продавницата КОСКА каде може да купите локум, баклава и традиционални благи работи за дома. По посетата на оваа продавница продолжуваме во трговскиот центар Aqua Florya .
Aqua Florya Shopping and Life Center ги отвори своите врати во 2012 година за своите клиенти со сосема нов концепт кој има за цел да ја промени визијата за обичните трговски центри. Најпосакуваната точка на Aqua Florya, каде е искомбинирана забава и шопинг под еден покрив, е најголемиот тематски аквариум во светот, наречен Istanbul Akvarium кој што ќе имаме можност да го посетиме Тој е всушност националниот аквариум на Турција, Истанбулскиот аквариум, кој е најголемата причина за посета на трговскиот центар денес. Домаќин е на 17.000 копнени и морски суштества од 1.500 различни видови и продолжува да обединува риби и копнени видови од целиот свет со технологии и теми од новата генерација.
Исто така разните вкусови на кујни, кафулиња и ресторани со поглед на море и голем амфи театар за разни настани, е нејзината она што го прави совршено место да го поминеме ова попладне.
Слободно време за шопинг и во договореното време поаѓање кон Македонија. Предвидено е пристигнување во Македонија во раните утрински часови следниот ден.
ПРОМО цена на аранжманот 109 ЕВРА ПО ЛИЦЕ за резервации до 01.04.2025
ЦЕНА 129 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
Во цената на аранжманот е вклучено:
-Автобуски превоз,
-Две ноќевања со појадок во хотел со 3* во областа Лалели
-Пешачки разглед со локален водич (Капали Чаршија,Сината Џамија и Света Софија)
-Посета на турската продавница „Коска“
-Шопинг во Форум центарот
-Лиценциран придружник,
Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Индивидуални трошоци
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
! Задолжително е пријавување за еден од пакетите !
-Пакет 1– полудневен разглед- Облакодерот Сафир + плоштад Таксим+ посета на Галата порт 45€ ; (екскурзиите од овој пакет не се купуваат одделно)
-Пакет 2 – целодневен разглед – Панорамски разглед + Пјер лоти + Балат+ Вселенската патријаршија+Крстарење по Босфор + Бејлербеи палата + Watergarden 65 € (екскурзиите од овој пакет не се купуваат одделно)
-ВЛЕЗНИЦА ВО АКВАРИУМ – 35 €
-ВЕЧЕРА ВО ТРАДИЦИОНАЛЕН ТУРСКИ РЕСТОРАН-ГАР СО МУЗИЧКА ПРОГРАМА И НЕОГРАНИЧЕН ПИЈАЛОК 35 €
НАПОМЕНА!!!
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 7 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
Патувањето може да биде со валиден пасош Валидност на пасошот 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
Сатниците на поаѓање се дефинираат два дена пред започнување на аранжманот, при што секој патник што има направено резервација телефонски ќе биде известен за поаѓањето од страна на Агенцијата.
ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ