ИСТАНБУЛ 22-25.10.2020

Автобус  4 дена / 2 ноќевања

 


ИСТАНБУЛ – магичен печат кој ги обединува Европа и Азија

 ( 4 дена – 2 ноќевања со автобус)

22-25.10.2020

1 Ден  (22.10.2020) Состанок на групата на Дрво декор во 17:00 часот. Поаѓање кон Истанбул во 17:30  . Патуваме преку Бугарија.   Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински  формалности.

2 Ден (23.10.2020) Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови.  По пристигнувањето одиме на панорамска и пешачка тура  низ градот со посета на најголемите знаменитости на  градот : Aja  Софија , Сината Џамија и Капали Чаршија. Во попладневните часови сместување во  хотел. Ноќевање.

3 Ден (24.10.2020) Појадок. По појадокот одиме на факултативна посета на двете најграндиозни зданија во Истанбул  Долма Бахче и Топкапи  со локален  туристички водич. Враќање во хотел во попладневните  часови. Можност за факултативно крстарење по Босфор- каналот кој ги во исто време ги спојува и раздвојува  Европа и Азија, со традиционална вечера. Враќање во хотел.  Ноќевање.

4 Ден (25.10.2020) Појадок. По појадокот  се одјавуваме од хотелот и  одиме во  посета на некој од поголемите шопинг центри во Истанбул. Тргнување кон Скопје околу 14 часот,  патување со попатни паузи за одмор и царински  формалности. Пристигање во Скопје по полноќ.

ЦЕНА: 79 еур (4.900 ден)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на дадената релација со високотуристички автобус. Ќе бидат испочитувани сите мерки и препораки на СЗО и Владата на Република Северна Македонија ;
  • Сместување во дво/трокреветни соби во хотел 3* во Истанбул на база 2 ноќевања со појадок
  • Панорамски пешачкиразглед на центарот на Истанбул: Аја Софија, Сината Џамија и Капали чаршија.
  • Посета на Трговски центар.
  • Организација на патувањетосо придружник од агенцијата.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Факултативна посета на Долма Бахче Сарај и Топ Капи со локален туристички водич – 35 евра за лице
  • Факултативно крстарење по Босфор со традиционална вечера – 30 еур за лице
  • Влезници за музеи

Напомена:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 35 патници. За помал број на патници следи корекција на цената

Агенцијата го задржува правото за промена на реализација на програмата во зависност од други објективни околности  (временски прилики, задржувања на гранични премини од страна на царинските служби, ограничувања врзани за работно време на одредени објекти, застои на автопат).

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ