КСАМИЛ - 3 НОЌЕВАЊА

Автобус  4 дена / 3 ноќевања

  КСАМИЛ

09.10-12.10.2020

1.ДЕН (09.10.2020 – петок) : 

Состанок на групата во утринските часови. Поаѓање за Албанија. Патувањето поминува преку граничниот премин Ќафасан , со мали попатни паузи. Пристигнување во раните утрински часови го Ѓирокастро (разглед на градот и слободно време за кафе) Градот Ѓирокастро е дел од листата за заштита на светско наследство на УНЕСКО и претставува едно од најатрактивните туристички места во земјата. Сместен во историската област Северен Епир, градот е познат по својата тврдина, како и многубројните музеи, автентична архитектура и традиционални јадења. Името на градот уште значи и „Сребрена тврдина“ на грчки јазик. Во тврдината се наоѓа Воен музеј, во кој се изложени експонати и сувенири од времето на Втората светска војна, како и Саат Кула, Фестивалска сцена и поглед на долината и градот кој го одзема здивот. Во срцето на градот се наоѓа Пазарот, каде што туристите може да посетат голем број на сувенирници, продавнички, артистички активности како и барови и ресторани. Сето ова, претставува спој од културно наследство и природни феномени, кои вредат да се посетат. После паузата поаѓање кон Ксамил и сместување во вила Луна. Ноќевање.

2.ДЕН (10.10.2020 – сабота) :

Ксамил. Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови факултативна посета на Саранда и на нејзините убавини како и опција за факултативна вечера во ресторан покрај море. Враќање во Ксамил. Ноќевање.

3.ДЕН (11.10.2020 – недела) :

Ксамил. Слободно време за индивидуални разглед на градот . Во вечерните часови факултативна посета на таверна со Грчка вечер. Ноќевање.

4.ДЕН (12.10.2020 – понеделник) :

Напуштање на собите во раните утрниски часови и факултативна посета на Blue Eye Природниот феномен наречен „Сино око“ (албански „Syri i kaltër“) ги маѓепсува многубројните туристи со својата кристално чиста вода и прекрасна шума која го опкружува изворот. Лоциран на само 22 км од Саранда. Покрај изворот се наоѓаат и неколку ресторани со навистина вкусна храна. „Синото око“ е всушност извор чија длабочина не е официјално измерена поради силниот притисок но се смета дека изнесува околу 80 метри. Исто така, тоа е единствената река која што се влева во Јонското море. Водата е прилично ладна па пливаат само најхрабрите, додека останатите посетители фрлаат камчиња кои „магично“ се враќаат на површината по извесно време. Едноставно, станува збор за место кое не смее да се пропушти!  По завршувањето на разгледот на Blue Eye, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во касните вечерни часови.

ЦЕНА на АРАНЖМАНОТ : 75 Евра (4.630 денари)

Во цената е вклучено :

-Превоз со високо туристички автобус

-3 ноќевања во Апартмани Луна во Ксамил ( цената е дадена по лице пакет аранжман)

-Деца од 0 – 5,99 години : Бесплатно во соба и  превоз

-Деца од 6 – 11,99 години : 35 Евра пакет аранжман со вклучен превоз

Во цената НЕ Е вклучено :

-Патничко осигурување

-Факултативните излети и посети

-Факултативна посета на Blue Eye 5 евра по лице

-Факулативна посета на Саранда 5 евра по лице

-Вечера во Саранда во зависност од бројот на пријавени

 

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ