ТИРАНА-ДРАЧ-КРУЈЕ-СКАДАР-ШЕНЃИН

Автобус  3 дена / 2 ноќевања

 ТИРАНА – ДРАЧ – КРУЈЕ – СКАДАР – ШЕНЃИН

09.10 – 12.10.2020

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

1 Ден – 09 Октомври (Петок)

Состанок на групата на Дрводекор во вечерните часови. Поаѓање кон Албанија, со попатни паузи за освежување и царински формалности.

2 Ден – 10 Октомври (Сабота)

Во утринските часови пристигнување во Драч, еден од најстарите градови на Албанија и познат туристички центар на Јадранското море со долги песочни плажи. Најголемото албанско пристаниште обилува со нови хотели, ресторани, кафетерии, а фасадите со јарки бои, улиците исполнети со џагор, највкусните јадења во рестораните придонесуваат Драч да биде се поинтересен за туристите. За тоа придонесува и историјата подолга од 3 илјади години, поради кое Драч претставува дом на многу археолошки наоѓалишта и интересни локалитети, како Римскиот амфитеатар со 15000 седишта, втор по големина на целиот Балкан. Интересна е обиколката на булеварот Епидамн, во центарот на градот, каде се наоѓаат повеќе стари цркви и џамии, и секако една од најпознатите структури на пристанишниот град,  Венецијанската кула, изградена во 15 век на византиски урнатини, која е висока 9 метри, од каде може да се направат одлични панорамски фотографии со поглед на Јадранското море и околината на градот.

Разглед на градот со локален туристички водич. Пауза за освежување, по што продолжуваме кон главниот град на Албанија, Тирана. Сместување во хотел.

Обиколка на градот: плоштадот на Скендербег, Соборната црква, Етем беговата џамија, Национално-историскиот музеј. Слободно време за да го почувствувате градот на контрасти, каде може да видите од мерцедеси до запрежни коли, од велелепни вили до трошни куќи, од модерни девојки до традиционално облечени. Ноќевање.

3 Ден – 11 Октомври ( Недела)

После појадокот целодневен факултативен излет, кој започнува со посета на Круја, еден од најубавите градови во Албанија и родното место на Скендер бег. Во склоп на тврдината на Скендербег, која датира од 6 век, се наоѓаат и историскиот и етнографски музеј. Обиколка на познатата Стара чаршија на Круја, оставштина од Османлиската култура во Албанија, која до денес успеа да го зачува духот, изгледот и намената која што ја имаше и пред сто години, со голем број работилници, каде може да се видат рачно изработени ќилими, производи од алабастер и многу други ракотворби.

Скадар е следната дестинација на нашата мала тура, каде ќе имаме можност да ја запознаеме тврдината Розафа, која пружа неверојатен поглед на цекиот град. По разгледот на Скадар, враќање во Тирана.

Слободна вечер. Ноќевање.

4 Ден – 12 Октомври (Понеделник)

Појадок и напуштање на хотелот. Посета на Шенѓин, најпознатото туристичко место на брегот на Јадранско Море на северот во Албанија.  Поаѓање за Македонија .

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 4.700 денари

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз на дадената релација со високотуристички автобус

- Две ноќевања со појадок во хотел 4* во центарот на Тирана

- Локален водич во Драч и Тирана

- Посета на Шенѓин

- Организација и водство на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Задолжително патничко осигурување

- Факултативна посета на Круја, Скадар, со локален туристички водич- 15 еур

- Влезници за музеите и останатите објекти

- Останати лични трошоци

Напомена:

За реализација на ова патување потребен е минимум од 35 патници.

Патувањето ќе биде реализирано според сите протоколи на СЗО и со 75% исполнетост на автобусот

Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата.

За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 3 дена пред поаѓање.

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ