БУДВА И МАНАСТИР ОСТРОГ

Автобус  3 дена / 2 ноќевања

 БУДВА И МАНАСТИР ОСТРОГ

09.10-12.10.2020

 

Ден 1 – Петок (09.10.2020) – СКОПЈЕ  БУДВА  

Состанок на групата во 22:30 часот. Поаѓање за Будва во 23:00 часот. Попатни кратки паузи и царински формалности. Ноќно возење преку Косово и Албанија.

 Ден 2 – Сабота (10.10.2020) – Манастир Острог – БУДВА

Во раните утрински часови пристигнување во Црна Гора. Најпрво се упатуваме во посета на Острошкиот манастир, кој е наоѓа на надморска височина од 900 метри, издлабен во карпа и e издигнат над рајските шуми. Манастир кој датира од 17 век и е секојдневно прибежиште на илјадници верници. Упатување кон Будва. Пристигнување и сместување во хотел. Попладнето слободно време за индивидуална прошетка во стариот дел на Будва, градските ѕидини или самостојна  посета на црквите Св. Марија и Св.Иван. Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 3 – Недела (11.10.2020) – БУДВА                                                                      

Појадок. По појадокот слободни активности и прошетки во Будва. Ноќевање.

Ден 4 – Понеделник (12.10.2020) БУДВА - СКОПЈЕ               

Појадок и одјавување од хотел. Заминување кон Скопје и попатно застанување кај Свети Стефан-панорамски разглед . Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:    3.600   мкд

 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на дадената релација со високотуристички автобус. Ќе бидат испочитувани сите мерки и препораки на СЗО и Владата на Република Северна Македонија
  • Сместување во двокреветни соби вохотел 3* на база 2 ноќевања со појадок
  • Организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Туристичка такса на Острог 1 еур за лице, во хотел 1,5 еур за лице, на ден
  • Имунолошки тест за COVID 19 – 900 денари, доколку го организира агенцијата
  • Патничко осигурување

Напомена:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 30 патници.
  • Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ