БЕРАТ-ДРАЧ-СКАДАР-ТИРАНА

Автобус  4 дена / 3 ноќевања

 Берат - Драч - Скадар - Тирана

09-12.10.2020

Драч или на албански Durrës, е приморски град во Албанија кој излегува на Јадранско Море. Претставува седиште на Драчката област средна Албанија, на 35 км од главниот град Тирана. Драч претставува најголемото пристаниште во Албанија и важна порта кон Средоземјето, а тоа го прави најзначаен град во развојот на економијата во земјата. Тој е всушност и најстариот град во Албанија чии зачетоци се во антиката. 

1 ден 09.10.2020

Состанок на групата пред Дрво Декор вo 02:00 часот. Поаѓање на групата за Албанија, се патува преку Тетово, Гостивар, Кичево, Струга граничен премин Ќафасан со попатни паузи поради одмор и царински формалности. Пристигнување во Берат во утринските часови, преполн со стара архитектура кој е познат како "Градот на илјада прозорци" поради големите прозорци кои ги красат куќите. Градот е испреплетен со муслимански и христијански градби. Во него се наоѓа џамија која датира од 15 век, како и бројни цркви кои припаѓаат на Албанската православна црква чија што автокефалност била прогласена во 1922 година во Берат. Разглед на градот кратка пауза и заминување кон Драч. Пристигнување во Драч - сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден 10.10.2020

Појадок. По појадокот разглед на градот Драч и неговите културно историски знаменитости: националниот музеј, римските бањи, римскиот Амфитеатар, шеталиштето долж брегот...Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел.Ноќевање.

3 ден 11.10.2020

Појадок. Факултативно заминување кон Скадар кој е еден од најстарите и најзначајните градови во Албанија, богат со историско и културно наследство. Скадар го карактеризираат прекрасна клима и природа. Низ него минуваат три реки: Дрим, Бојана и Кир. Посета на Скадарската тврдина Розафа која датира од илирско време, а од која ќе имате прекрасен панорамски поглед на Скадарското езеро, најголемото природно езеро на Балканот.Разглед на градот и слободно време. Враќање во попладневните часови во Драч. Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.

4 ден 12.10.2020

Појадок. По појадокот заминување за Тирана. Посета на Тирана и слободни активности. Во попладневните часови заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

Цената на аранжманот изнесува: 115 € ( 7.130 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Туристички пратител и организација и реализација на програма
- Разглед на Берат, Драч и Тирана
- 3 ноќевања во HOTEL 4* со појадок во Драч
- Автобуски превоз со високотуристички автобус (A/C;TV;DVD;CD)
- Посета на Тирана
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални трошоци
- Посета на Скадар 20 €
- Задолжително патничко здравствено осигурување 5€

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ