ДОЈРАН

Автобус  2 дена / 1 ноќевање

 Дојран со посета на Винарија

   -СТРУМИЦА, ВОДОПАДИТЕ и ДОЈРАН-

  11.10-12.10.2020

11.10.2020 Прв ден:

Состанок на групата пред Дрводекор во утринските часови и упатување кон Струмица. Патот не води преку Велес и Штип. Пристигнување во Струмица и слободно време во центарот на градот. Заминување кон Водопадите Смоларе и Колешино. Во попладневните часови во заминување кон Дојран. Пристигнување во Стар Дојран и сместување во Хотел Романтик Плаза. Ноќевање.

12.10.2020 Втор ден:

Појадок. По појадокот одјава од хотел. Упатување кон Демир Капија и посета на Винарската визба “Попова Кула”: Овој Храм на виното произведува преку 20 видови вино од 11 сорти на грозје. Со професионален дегустатор на вино ќе имате единствена можност за Ваша винска дегустација на вино (произведено од автохтони македонски сорти на грозје: Станушина, Темјаника, Вранец...) која вклучува 5 типови вино со соодветно сирење, пршут и десерт. Краток одмор. Состанок на патниците во попладневните часови и заминување за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот:   4.750,00 денари

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Организација и реализација на програма и туристички водич
- Посета на Градот Демир Капија и Винаријата “Попова Кула” со вклучена влезница за винска дегустација
- 1 ноќевање со појадок во Хотел Романтик Плаза, Стар Дојран https://hotelrp.mk/,секоја соба е опремена со централна климатизација за греење/ладење, купатило со бања,ТВ, Интернет WiFi, телефон   
- Посета на градот Струмица
- Посета на Водопадите Смоларе и Колешино
- Автобуски превоз на наведената релација
- Туристичка такса
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
 - Индивидуални трошоци
- Доплата за 1/1 соба

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ