ВАЛОНА

Автобус  3 дена / 2 ноќевања

 

ВАЛОНА

Градот Валона се наоѓа во југозападниот дел на Албанија, на граница меѓу Јадранско и Јонско море.Во изминатите неколку години градот бележи експанзија на полето на туризмот.Во центарот на Валона може да се посети градскиот плоштад и Споменикот на независноста а во пошироката околина тврдината Канина која во XII век како епархија била дел од Охридската архиепископија.

Во Валона има многу сончеви денови во годината и затоа сезоната за капење во море трае од крајот на април па се до октомври. Насекаде има плажи со европски шмек, пабови и барови со музика во текот на целиот ден.

10 Октомври (Сабота)              СКОПЈЕ – ЕЛБАСАН - ВАЛОНА

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 01:30 часот. Тргнување за Валона во 02:00 часот. Се патува преку граничен премин Ќафасан со попатни паузи. Посета на Елбасан, четвртиот град по големина во Албанија, претставува центар за производство на маслиново масло, жито и тутун. Во договорено време поаѓање за Валона и сместување во хотел. Ноќевање.

11 Октомври (Недела)            ЗВЕРНЕК

Појадок. Слободно време за разглед на Валона. Можност за факултативна посета на манастиорот Звернек, посветен на Пресвета Богородица. Манастирот се наоѓа на многу мал и живописен остров, прекриен со борова шума. До него се доаѓа со пешачење по дрвен мост долг 270 метри што претставува незаборавно доживување и можност за прекрасни фотографии. Организирана вечера (факултативно) во ресторан. Ноќевање.

12 Октомври (Понеделник)            ВАЛОНА – БЕРАТ - СКОПЈЕ

Појадок. Поаѓање за Македонија со попатна посета на Берат наречен “Градот на илјада прозорци" поради големите прозорци кои ги красат градските куќи. Град со прекраснo испреплетена архитектура со христијански и муслимански обележја, многу религиозни објекти: џамии, цркви (Св. Троица, Св. Илија…) кои припаѓаат на Албанската православна црква, која прогласила автокефалност во Белград, во 1922 година. Во договрено време тргнување за Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

За уплата до 28 септември: 4.900 денари (79 евра)

Цена на аранжманот: 5.520 денари (89 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со модерен туристички автобус

Сместување во хотел 3/4* во Валона на база 2 ноќевања со појадок

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Организирана вечера - 15 евра

Посета на манастиорот Звернек - 10 евра

Туристичка такса

Задолжително патничко – здравствено осигурување

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари.

Во Албанија се патува со пасош или лична карта.

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ