КОПАОНИК - SKI OPENING

Прикажано од 8ми ДЕКЕМВРИ

 Aвтобус 3 дена/ 2 ноќевања

Првиот Ski opening на Копаоник е одржан во 2010 година. Oваа манифестација за само неколку години е веќе препознатлив туристички бренд на Копаоник, коja во период од четири дена е домаќин на значителен број љубители на зимските спортови од Србија и целиот регион.
Копаоник е најголемиот планински масив на Србија и еден од најубавите ски центри во овој дел од Европа. Ски центарот Копаоник се протега на околу 62 км од со скијачки патеки кои се организирани за алпско и нордиско скијање. Во рамките на ски центарот има 24 ски-лифтови со вкупен капацитет од 32.000 скијачи на час. Со речиси 200 сончеви денови во годината, оваа "Сончева планина" има просечна годишна температура од 3,7 ° C Снегот започнува кон крајот на ноември и трае до мај, со просек од 160 дена годишно. Највисокиот врв на овој планински масив е Панчичев врв со 2017 м надморска височина.

SKI OPENING – KOPAONIK  
08.12-10.12.2023
Aparthotel Brzece  2HB 

Програма

08.12.2023 Скопје-Копаоник
Состанок на групата во 06:00 часот на Дрво Декор. Поаѓање кон Kопаоник, пристигнување во Брзече - Копаоник во утринските часови. Сместување во хотел. www.kopaapartmani.co.rs. Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.
 
09.12.2023 Копаоник
Појадок. Факултативно заминување во центарот на Копаоник, можност за уживање во неговите природни убавини, љубителите на белиот спорт ќе уживаат и ќе ги користат удобностите на скијачкиот центар. Слободно време за кафе во познатите ресторани. Враќање во хотел во договорено време. Вечера. Ноќевање.
 
10.12.2023 Копаоник - Скопје
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности или заминување кон скијачкиот цетар - факултативно. Во попладневните часови заминување за Скопје. Пристигнување во вечерните часови.
  

ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ : 125 евра / 7.750 ден

Цената вклучува:

  • Сместување на база 2 ПП (појадок и вечера)
  • Превоз на наведената релација Скопје-Брзече-Скопје

Цената не вклучува:

  • Превоз до ски центарот на Копаоник- 5€
  • Туристичка такса 0,85€ по ден (се плаќа на рецепција)
  • Патничко осигурување

Попусти и доплати:

  • Деца до 3г. (во придружба на две возрасни лица) бесплатно
  • Деца од 3 до 6 г. (во придружба на две возрасни лица) плаќаат 50 % од дадената цена
  • Користење само превоз Скопје-Копаоник-Скопје: 55 € / Еден правец 45€ Деца до 3 години бесплатно / 3-7 години плаќаат 35 €
  • Сопствен превоз се одбива 20 €

Напомена:

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локални предупредувања, каснење на патници).

 

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ