ЕДИПСОС - ЕВИА

Aвтобус 4 дена/ 3 ноќи

 НОВА ГОДИНА 2022

   4 дена (3 вечери) во ЕДИПСОС ГРАДОТ НА ИМПЕРАТОРИТЕ

ПРОГРАМА

1.Ден 29.12.2021  (среда) СКОПЈЕ - ЕВИА 

Тргнување од Скопје во 23:00 часот од пред паркингот на хотел „Холидеј ИН“.

2.Ден  30 12.2021 (четврток) ЕВИА

Патување преку преминот Богородица кон Грција со кратки попатни застанувања за преземање на патниците од Велес, Неготино и Гевгелија. Получасовен одмор во комплексот Коринос во Грција. Во утринските часови пристигнување во местото Глифа. Качување на траект. Возењето трае 30 минути. Симнување во местото Агиоскампос. Продолжување на патувањето за Едипсос. Сместување на групата во хотелиот: Лито. Краток одмор. Запознавање со местото. Слободно време за капење во морето под водопадот, во изворите на минерална вода или во хотелските базени со минерална вода.

Вечера: за предјадење ризото со зеленчук, салата, главно јадење бакалар со сос, десерт портокали. Ноќевање.

3.Ден 31.12.2021 (петок) ЕДИПСОС – ХАЛКИДА - Св.ЈОВАН РУСКИ - ЕДИПСОС

Појадок: шведска маса.

Слободно претпладне или посета на градот Халкида и разглед на истата: тврдината Карабаба, прошетка кај стариот мост (200м од црква Св.Петка), џамија Емир Заџе, еврејската синегога. На враќање посета на Неа Прокопиа каде е црквата со моштите на Св.Јован Руски каде посетителите ќе можат да се поклонат на нераспаднатото тело на св.Јован Руски и да земат од мирото кое истекува од неговото тело. Враќање во Едипсос.

Во 21:00 часот Свечeна вечера во ресторан со  музика и богато Новогодишно мени: супа,  предјадење пита, салата, главно јадење - шницла со пире од компири, десерт пита од портокали со сладолед, 250 дл вино. Ноќевање.

4.Ден 01.01.2022 (сабота) ЕДИПСОС – АТИНА - ЕДИПСОС

Појадок шведска маса

Слободно претпладне со можност за капење во природните базени со минерална вода кои се наоѓаат во самото море или факултативна посета на Атина: панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омонија, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон). Во попладневните часови тргнување од плоштадот Синтагма за Аркица и Едипсос.

Вечера: предјадење макарони запечени во фурна, салата, главно јадење кременадла со ориз или компири, десерт галактобуреко. Ноќевање.

5.ден 02.01.2022 (недела) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ

Појадок шветска маса

На пладне напуштање на собите и тргнување за Агиокампос. Возење со траект до Глифа, а потоа тргнување за Скопје со попатни застанувања за одмор. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 11000 денари

Доколку се плати целата сума до 10.11.2021 год. цената е 10000 денари

Цената на аранжманот опфаќа: 

  • Превоз со современ туристички автобус
  • Сместување во хотелот  Лито, - во двокреветни и трокреветни соби, на база три полупансиона вклучително и свечената новогодишна вечера
  • Услугите на придружниците на групата и преставниците на агенцијата за време на престојот
  • Превоз со траект на релација Глифа – Агиос Кампос – Глифа и обратно
  • Трошоци за организација на патувањето.

Цената на аранжманот не опфаќа:

  • Организирана посета на Атина - 30€
  • Организирана посета на Халкида и Црквата во Неа Прокопиа кај моштите на Св.Јован Рус и Халкида - 20€ 
  • Патничко осигурување
  • Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€
  • Доплата за дополнително седиште во автобус - 50€

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот, потребен е миниум  40 патници
  • За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек
  • Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
  • За реализација на факултативите потребен е минимум 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
  • За патниците кои во периодот на патувањето постат, или се вегани или имат посебен режим на хранење, може да се организира посебно мени  но тоа треба да го пријават најкасно 15 дена пред патувањето. 

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ