ИСТАНБУЛ

Прикажано од НОВА ГОДИНА

Aвтобус 4 дена/ 3 ноќи

                                                             НОВА ГОДИНА ВО ИСТАНБУЛ

            29.12.2023 - 02.01.2024

          4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА

ПРОГРАМА

1 ден: (четврток) 29.12.2023

Поаѓање во попладневните часови. Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.

2 ден: 30.12.2023
Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локален водич пред хотел. Програмата започнува со панорамска обиколка на Истанбул. Посета на паркот Беилербеи во Азискиот дел на Истанбул. Продолжуваме со пешачка прошетка во историскиот центар Султанахмет. Разгледување на знаменитостите на хиподром. По можност посета на Сината џамија – единствена со 6 минариња. Следи факултативна посета на Топкапи палатата. Оваа исклучително важна палатабила седиште на Отоманската империја повеќе од 4 века, а денес претставува еден од најпосетуваните музеи во „Главниот град на светот“. Топкапи Сарај е подигнат во средината на 15-тиот век, по наредба на султанот Мехмед II „Освојувачот“. Градбата била направена врз старо византиско утврдување, а дел од камените столбови, како и кадата во која се крштевале византиските цареви се се уште зачувани и претставуваат дел од културното наследство, кое е под заштита на УНЕСКО од 1985 година.

Можност за посета на Аја Софија или Света Софија позната и како Црква на светата мудрост – единствен храм на светот кој бил црква, џамија, музеј и повторно црква. Изградена е во 537 година и како православна црква функционирала се до 1204 година, кога станала католичка црква. Во 1261 година повторно ќе стане православна, за во 1453 година да стане џамија, се до 1953 година кога Аратурк решава да ја претвори во музеј. Сега повторно храмот добива православен сјај.

Можност за попатна посета на Капали чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриена улица и над 300 продавници. Цените во Капали чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види само како значаен локалитет во Истанбул. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден 31.12.2023
Појадок. По појадокот се упатуваме кон целодневен разлгед на градот со водич. Факлутативно крстарење по Босфор. Вистинско уживање во градот. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате во Европскиот брег на Босфор до тврдината Румелија Хисар. Ќе имате можност да ги фотографирате прекрасните Долмабахче, дворецот Јилдиз, Чифте Сарај. Потоа бродот се упатува ко Азискиот брег. На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили каде се снимени повеќето од турските серии.Посета на Египетскиот пазар. Слободно време за разлгед на најстариот пазар за намирници, баклави, локуми, маслинки, украси за домакинство, зачини, јаткастки плодови, сувенири.. По посетата на Египетскиот пазар се упатуваме кон посета на палатата Долмабахче кој е еден од најраскошните дворци во светот. Прекрасен комплекс, кој е украс на Босфорот.Се што е во и околу објектот е елегантно и одговара на името. Турскиот збор “Долмабахче” значи “полни градина.” Всушност, оваа палата е полна со ориентални луксузи. Дворецот е скапоцено богатство на Турција. Навечер организирана новогодишна вечера на брод на Босфор со музика и мени или на најпопуларниот плоштад во Турција-Таксим.Враќање во хотелот. Ноќевање.

4 ден 01.01.2024
ОТКРИЈ ЈА АЗИСКАТА СТРАНА НА ИСТАНБУЛ

Појадок. Се уптатуваме кон Азиската страна на Истанбул. Посета на Ускудар. Ускудар е област која се наоѓа на азискиот брег на Босфор,веднаш преку Бешикташ. Ускудар е познат по прекрасното крајбрежје, Моминската кула, ридот Чамлица, шумичката Фети-паша, историските места како и џамиите од 16 век… Во овој дел од градот ќе ги доживеете убавините на градот како вистинските жители на Истанбул. Овде ќе имате можност да уживате покрај брегот на седејки на разнобојните килими пиејќи чај.Слободно време прошетка покрај брегот.. Можност за посета и на Момината Кула (Kiz Kulesi), слободно време за кафе.. Потоа се упатуваме кон Mall Watergarden İstanbul (Распеани фонтани) и најновиот трговски центар Emaar. Mall Watergarden İstanbul – каде ќе го гледаме светлосното шоу на распеаните фонтани. Исклучителна кореографија на вода, светлина, ласерски ефекти и музичко шоу. Базенот се наоѓа на површина од 5 илјади квадратни метри во срцето на Watergarden Istanbul и се смета за „најголемиот“ базен во Европа. По посетата на Вотергарден Мол, продолжуваме до најновиот трговски центар Емаар во Истанбул.Ќе имате можност да купувате во продавниците на некои од светски познатите брендови, а исто така и на многу локални брендови, како што се Hugo Boss, Guess, Gucci, Hermes, Lc Waikiki, Victoria’s Secret, Zara, Kemal Tanca, Hotic, Altinbas и други.. Слободно време за шопинг.Враќање во хотелот. Ноќевање.

5 ден: 02.01.2024
Појадок. По појадокот одјавување од хотел и тргнување кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум Florya кој нуди разглед на разнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума.Во склоп на аквариумот има шопинг центар кој има продавници од секаква категорија. Покрај аквариумот и шопинг центарот има прекрасно крајбрежје со прометно шеталиште покрај морето. Слободно време за ручек. Мал одмор и тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните/ утринските часови.

Цена на аранжманот: 159 / 9.860 мкд. (за уплата до 01.12.2023)

Редовна Цена: 169 / 10.480 мкд.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Три ноќевања со појадок во хотел со 3* во близина на Капали чаршија
  • Придружник на патувањето
  • Посета на шопинг центар Florya 5*
  • ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Панорамна обиколка+ Парк Беилербеи во Азија + Султанахмет+ Капали чаршија  – 20 еур
  • Египетски пазар, прв двор Долмабахче – 20е
  • Долмабахче палата (билет за комплетен разглед на дворецот и музеј со водич) – 30 еур
  • Taксим-15еур
  • Крстарење по Босфор-25е
  • Азија (целодневна) – 30 еур
  • Аквариум Florya – 30  еур
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
    Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот
  • УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
    • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
    • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
    • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
    • Пасошот мора да има задолжителна важност од минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот.
    • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
    • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
    • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
    • Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
    • Агенцијата не превзема одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.

    ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ