НЕА ФЛОГИТА - вила КОРФУ

-5% до 15.03.2020

 Неа Флогита е прекрасно место кое лежи на западниот брег на Халкидики, на само 50 км. од Солун. Богата е со зеленило и има долга и пространа песочна плажа, која е одделена од градот со прекрасен парк, барови на плажа, таверни и секако тиркизно бистрото море. Местото пружа фантастичен поглед  на заливот Термиакос и при ведро време, на планината Олимп. Со лесна прошетка може да се стигне до Дионисиос или Неа Плагиа, со кои Флогита практично е споена. Во последните 10 години Флогита се преобратува во вистинско монденско место омилено како од младите така и од повозрасните генерации.  Вистинско место за активен одмор!

Вила КОРФУ е лоцирана во центарот на Неа Флогита, спроти хотел Корфу, и на околу 50 м. од плажата. Располага со четворокреветни и петокреветни апартмани и четворокреветни студија, пространи, модерно дизајнирани, со комплетно опремена кујна, WC, клима (вклучена во цената), и пространи тераси.
 
 
 
 
 
                                               ПОПУСТ ЗА РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
                           - 5% попуст за резервации направени  до 15.03.2020
Цени за термини по типови простории и услуги
Термини1/4 Студио/Апартман 1/5 Апартман Бр. ноќевања
23/05/2020 - 30/05/2020 69€  69€  7* промо
30/05/2020 - 06/06/2020 99€  99€  7*
06/06/2020 - 13/06/2020 129€  139€  7*
13/06/2020 - 20/06/2020 159€  169€  7*
20/06/2020 - 27/06/2020 179€  189€  7*
27/06/2020 - 04/07/2020 380€  400€  7
04/07/2020 - 11/07/2020 410€  440€  7
11/07/2020 - 18/07/2020 450€  480€  7
18/07/2020 - 25/07/2020 450€  480€  7
25/07/2020 - 01/08/2020 450€  480€  7
01/08/2020 - 08/08/2020 450€  480€  7
08/08/2020 - 15/08/2020 450€  480€  7
15/08/2020 - 22/08/2020 430€  460€  7
22/08/2020 - 29/08/2020 390€  420€  7
29/08/2020 - 05/09/2020 179€  189€  7*
05/09/2020 - 12/09/2020 159€  169€  7*
12/09/2020 - 19/09/2020 129€  139€  7* 
19/09/2020 - 26/09/2020 89€  89€  7* промо
Услови под кои важи аранжманот

- Цените СО * се однесуваат за 7 ноќевања по лице со вклучен превоз, за минимум две лица во студио/апартман. (Трето и четврто лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз).

- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години (не користи легло).

- Цените БЕЗ * се однесуваат за наем на  студио/апартман за 7 ноќевања без вклучен превоз.

ПРОМО цените не подлежат на дополнителни попусти.

- За патување со сопствен превоз, цената се намалува за 10 евра

- Во цената на аранжманот Е вклучено користењето на клима уредот и интернет.

- За хигиената во апартманите во текот на престојот се грижат самите корисници.

- Во секoе студио/апартман има комплетно опремена кујна за онолку лица за колку што е наменето студиото/апартманот.

- Сместувањето во студијата/апартманите е најдоцна до 14 часот по локално време, а напуштањето на истите е во 9 часот по локално време.

- За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%.

-Туристичка такса е 0.5 еур на ден по апартман и се плаќа на лице место.

- Цената е изразена во евра, а плаќањето е во денарска противвредност од 1€ = 62,00 денари.

Цена на превоз на релација Скопје - Халкидики - Скопје изнесува:

  • возрасни: 35 €
  • деца од 2 до 12 години: 25 €
  • деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште)

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ