МЕТАМОРФОЗИ-вила LINA

Метаморфози е место целосно опкружено со густа иглолисна шума, која заедно со морето претставува вистинска воздушна бања. Во гратчето има неколку таверни и пицерии, два добро снабдени маркети, продавници за маслиново масло и мед, пиљари, рибарница, 3-4 фурни, аптека, лекар, Лидл маркет кој се наоѓа на само 6 км. во Никити.

Вила ЛИНА се наоѓа на прва линија во центарот и на 50 м. од песочната плажа. Располага со студија и апартмани, со големи тераси, од кои поголемиот дел имаат директен и страничен поглед кон морето и прекасниот парк. Комплетно е реновирана и опремена со кујна, купатило, фен, ТВ, WI-FI и клима (бесплатно).

  

  

   Цени за термини по типови простории и услуги
Термини1/3 СТД 1/4 СТД 1/4 апартман (град) 1/4 апартман (море) Бр. ноќевања
11/05 - 18/05  130
 140
 150
160 
 7
18/05 - 25/05  150
160 
 170
 190
 7
25/05 - 01/06 170 
180
 200
 210
 7
 01/06 - 08/06 220 €  250 €  270 €  300 €  7
 08/06 - 15/06 280 €  310 €  340 €  370 €  7
 15/06 - 22/06 330 €  360 €  390 €  410 €  7
 22/06 - 29/06 370 €  400 €  430 €  470 €  7
 29/06 - 06/07 420 €  450 €  500 €  540 €  7
 06/07-  13/07 470 €  500 €  560 €  590 €  7
 13/07 - 20/07 470 €  500 €  560 €  590 €  7
 20/07 - 27/07 470 €  500 €  560 €  590 €  7
 27/07 - 03/08 470 €  500 €  560 €  590 €  7
 03/08 - 10/08 470 €  500 €  560 €  590 €  7
 10/08 - 17/08 470 €  500 €  560 €  590 €  7
 17/08 - 24/08 470 €  500 €  560 €  590 €  7
 24/08 - 31/08 430 €  460 €  510 €  560 €  7
 31/08 - 07/09 370 €  400 €  450 €  490 €  7
  07/09 -  14/09 300 €  320 €  380 €  410 €  7
 14/09 - 21/09 250 €  260 €  300 €  330 €  7
21/09 - 28/09 200  210  240 260  7
28/09 - 05/10 160  190  200  220  7
05/10 - 12/10 150  170 € 180 € 200 € 7

НАПОМЕНА:  

- Цените се однесуваат за наем на студио или апартман за 7 ноќевања. 

- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години (не користи легло).

- Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.

- За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%

- Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;

- Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;

- Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите;

- Туристичка такса од 0,5 еур по ден на соба се плаќа на лице место

- Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 62,00 мкд

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 10 дена пред започнување на аранжманот;

ПРЕВОЗ:

* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови;
* Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус;
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;
* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;
* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 еур. по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;

Цената само за превоз: Скопје-Ситонија-Скопје изнесува:

  45 € возрасни

  35 € деца од 2 - 12 години

  БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ