• 1.jpg
  • 2.jpg
  • 3.jpg

НЕА ФЛОГИТА - вила КОРФУ

 Неа Флогита е прекрасно место кое лежи на западниот брег на Халкидики, на само 50 км. од Солун. Богата е со зеленило и има долга и пространа песочна плажа, која е одделена од градот со прекрасен парк, барови на плажа, таверни и секако тиркизно бистрото море. Местото пружа фантастичен поглед  на заливот Термиакос и при ведро време, на планината Олимп. Со лесна прошетка може да се стигне до Дионисиос или Неа Плагиа, со кои Флогита практично е споена. Во последните 10 години Флогита се преобратува во вистинско монденско место омилено како од младите така и од повозрасните генерации.  Вистинско место за активен одмор!

Вила КОРФУ е лоцирана во центарот на Неа Флогита, спроти хотел Корфу, и на околу 50 м. од плажата. Располага со четворокреветни и петокреветни апартмани и четворокреветни студија, пространи, модерно дизајнирани, со комплетно опремена кујна, WC, клима (вклучена во цената), и пространи тераси.
 
 
 
 
Цени за термини по типови простории и услуги
Термини1/4 Студио/Апартман 1/5 Апартман Бр. ноќевања
18/05/2019 - 25/05/2019 59€  59€  7* промо
25/05/2019 - 01/06/2019 69€  69€  7* промо
01/06/2019 - 08/06/2019 99€  99€  7*
08/06/2019 - 15/06/2019 129€  149€  7*
15/06/2019 - 22/06/2019 159€  169€  7*
22/06/2019 - 29/06/2019 179€  189€  7*
29/06/2019 - 06/07/2019 379€  399€  7
06/07/2019 - 13/07/2019 409€  429€  7
13/07/2019 - 20/07/2019 439€  459€  7
20/07/2019 - 27/07/2019 439€  459€  7
27/07/2019 - 03/08/2019 439€  459€  7
03/08/2019 - 10/08/2019 439€  459€  7
10/08/2019 - 17/08/2019 439€  459€  7
17/08/2019 - 24/08/2019 379€  389€  7
24/08/2019 - 31/08/2019 179€  199€  7*
31/08/2019 - 07/09/2019 139€  149€  7*
07/09/2019 - 14/09/2019 109€  119€  7*
14/09/2019 - 21/09/2019 79€  89€  7* промо
Услови под кои важи аранжманот

- Цените СО * се однесуваат за 7 ноќевања по лице со вклучен превоз, за минимум две лица во студио/апартман. (Трето и четврто лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз).

- Цените БЕЗ * се однесуваат за наем на  студио/апартман за 7 ноќевања без вклучен превоз.

- Цените со ознака ПРОМО се цени по лице според соодветниот капацитет

- За патување со сопствен превоз, цената се намалува за 10 евра

- Во цената на аранжманот Е вклучено користењето на клима уредот и интернет.

- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест

- Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 

- За хигиената во апартманите во текот на престојот се грижат самите корисници.

- Во секoе студио/апартман има комплетно опремена кујна за онолку лица за колку што е наменето студиото/апартманот.

- Постелнината во студијата/апартманите се менува еднаш за време на престојот.

- Сместувањето во студијата/апартманите е најдоцна до 14 часот по локално време, а напуштањето на истите е во 9 часот по локално време.

- За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%.

-Туристичка такса е 0.5 еур на ден по апартман и се плаќа на лице место.

- Цената е изразена во евра, а плаќањето е во денарска противвредност од 1€ = 62,00 денари.

Цена на превоз на релација Скопје - Халкидики - Скопје изнесува:

  • возрасни: 35 €
  • деца од 2 до 12 години: 25 €
  • деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште)

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ