БУДВА - МАНАСТИР ОСТРОГ

Прикажано од 24 MAJ

Автобус/ 4 дена/ 3 ноќевања

Острог – Будва -Тиват –  Порто Монтенегро  – Котор –  Херцег Нови – Св.Стефан – Бар

                          *МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО ВАЖЕЧКА ЛИЧНА КАРТА

Програма на патувањето:

1 ден: 20.05.2022  ( Петок ) 

Состанок на групата и Поаѓање за Црна Гора во 22 часот. Ноќно возење со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

2ден : 21.05.2022 (сабота)  Острошки манастир – Будва

Пристигнување во раните утрински часови на  Манастирот Острог – најпосетениот манастир во Црна Гора, каде се наоѓаат чудотворните мошти на Св.Василиј Острошки…. После разгледот на  манастирот, поаѓање за Будва. Сместување во вили кои располагаат со студиа со сопствено купатило. Слободно време за  индивидуална прошетка низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва, посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот.. или пак воздишка за кафе или ручек во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег. Време за одмор. Факултативна забава со музика во ресторан. Ноќевање.

3 ден : 22.05.2022  (недела)   Котор– Тиват  – Порто Mонтенегро –Портонови – Херцег Нови

Во раните утрински часови можност за факултативна посета која започнува со прекрасниот град на УНЕСКО – Котор. Индивидуална прошетка во стариот дел на прекрасното гратче. Moжност за посета на катедралата Св.Трипун ( заштитник на градот ), Столбот на срамот, црквата Св.Никола ….  Предлог наш е искачувањето на Которската тврдина. Тој момент е посебен, бидејќи таков поглед на Которскиот залив единствено од таму може да се почувствува и да произлезат уникатни фотографии… Патот не води  кон Тиват, разглед на стариот град и монденското пристаниште Порто Монтенегро, несекојдневно чувство на богатство, спој на природна убавина и човечки ресурси. Продолжуваме со траект преку  Бока Которска. Посета на уште една  понова ексклузивна марина Портонови. Индивидуално време за уживање и фотографирање. Продолжуваме кон Херцег Нови – градот на Мимозите, градот на скалите – има 1000 скали, градот на Музички Фестивал ,, Сунчане Скале ,,…. Индивидуална посета на Тврдината Шпањола, Канли Кулата, Саат кула, Цитадела……Враќање во Будва. Време за одмор. Ноќевање.

4ден : 23.05.2022 /(Понеделник) Будва – Св.Стефан – Македонија

Слободен ден за уживање во Будва. Ноќевање

5ден : 24.05.2022 /(Вторник) Будва – Св.Стефан – Македонија

Напуштање на вилите.  Се упатуваме кон Св. Стефан, едно од најмонденските летувалишта на црногорското приморје, панорамско фотографирање. Патот не води кон прекрасниот приморски град, познатото пристаниште Бар. Попатна посета на величенствениот Соборен храм посветен на Св.Јован Владимир. Несекојдневно здание, спој на богатство, хармонија и духовност, најголемо во Црна Гора. Поаѓање за Македонија. Пристигнување  во доцните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 89 ЕУР  (5.520,00 мкд ) за уплата до 15.05.2022,

Редовна цена- 99 евра(6.140,00мкд)

Во цената се вклучени следните услуги:

– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

–  3 ноќевања, сместување во  вили

– Посета на Манастир Острог

– Посета на Соборниот храм Св. Јован Владимир во Бар

– Организација, реализација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:

– Посета на Тиват,Порто Монтенегро, Котор, Порто Ново, Херцег Нови 25  еур

– Влезници за музеите и културно историските споменици

– Задолжително патничко и здравствено осигурување

 Задолжителна туристичка такса 1 еур по лице на ден за Будва ( се плаќа во автобус )

– Задолжителна туристичка такса 1 еур Манастир Острог (се плаќа во автобус)

– Превоз со комбиња во два правци  до Манастир Острог 2 еур  (се плаќа на превозниците таму што ве возат )

 Напомена:

– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;

-Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.

– Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки однесување во автобус од страна на организаторот.

-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,комплетна доплата 10 дена пред поаѓање

– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата
– Уплата исклучиво во денари

 

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ