КОПАОНИК-ЛУКОВСКА БАЊА

Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Копаоник во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.

Програма на патување:

1.Ден 07.12.2018 (петок)       Скопје – Луковска Бања

Состанок на групата на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем рано наутро во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во Хотел Копаоник 3*. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на базените и содржините на СПА центарот на хотелот. ВечераНоќевање.

2.Ден 08.12.2018 (сабота)     Луковска Бања

Појадок. Време предвидено за одмор, релаксација, користење СПА и индивидуални прошетки и разгледи низ Луковска Бања бања. Ручек. Слободно време за индивидуални активности и можност за користење на базените со термална вода. Вечера. Ноќевање.

3.Ден 09.12.2018 (недела)     Луковска Бања – Скопје

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

Хотел Копаоник 3*  

Цена за пријави до 01.11.2018 – 109€/6.758мкд

Редовна цена 119€/7.378мкд    

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација;
– Сместување во Хотел Копаоник 3* на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса)
– Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера) со класично послужување;

– Бесплатно користење на надворешен и внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C ;
– Бесплатно користење на Велнес центарот (солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум, весели тушеви)
– Бањска такса

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко осигурување (75мкд за лица до 65год, 296мкд за лица над 65год);

– Индивидуални трошоци

Попусти и опционални доплати:

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€ (мин. 2 седишта)

– Доплата за дополнително седиште во автобус -50€

– Намалување за сопствен превоз -10€ од патник.

Напомени:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот, најдоцна до 7 дена пред патувањето.

– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ