СОЛУН-ЛУТРАКИ-ВОДЕН

СОЛУН-ЛУТРАКИ-ВОДЕН

08.12.2018 – 09.12.2018

Прв ден: 08.12.2018 (сабота)

Во 04.00 часот состанок на групата  од Скопјe пред Хотел Вип и заминување  кон Грција со туристички автобус преку граничниот премин Евзони. Пристигнување во Солун и индивидуална прошетка. Околу пладне  заминување на групата кон Лутраки. Пристигнување во Лутраки  во попладневните часови. Сместување во хотел со  3*. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта организирана вечера со музика во ресторан. Ноќевање.

Втор ден: 09.12.2018 (недела)

Појадок. Потоа организирано заминување на групата кон комплексот термални бањи „Лутра“. Слободно време за користење на отворените и затворени базени со топла термална вода и прекрасна можност под отворено небо да се релаксирате во минералната вода со температура од  37 степени . Потоа организирано заминување на групата кон Воден. По пристигнувањето, разгледување на водопадите и слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ…….49 евра (3.040 денари)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација

– Едно ноќевање со појадок во хотел  3*   во Лутраки

– Сите излети вклучени во програмата

– Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

Вечера со музика во живо во таверна-20 евра

Влезница за користење на базените  и бањите со топла термална вода

Патничко осигурување 150 ден

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ