ЗЛАТИБОР

Прикажано од 8-ми МАРТ

Aвтобус 3 дена/ 2 ноќевања

8-ми Март во ЗЛАТИБОР

(Со посета на Сирогојно и Дрвенград)

                                                                      09.03.2023 - 12.03.2023

Програма на патувањето

Прв ден: 09.03.2023 (Четврток)

Тргнување на групата во 22:30 од Скопје кон  Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори.

Втор ден: 10.03.2023 (Петок)

Пристигнување во Златибор во утринските часови и организирана посета на каубојскиот град Ел Пасо. Овде ќе се вратите во времето на Дивиот Запад ... Ел Пасо претставува реплика на типичен град на Дивиот Запад. Името го добива по истоимениот град во САД и реката која што тече низ самиот град и го дели на два дела односно од едната страна ќе се запознаете со каубојската и индијанската култура, додека од другата страна со српската култура од далечната 1865 год. Следува прошетка низ индијанското село, посета на каубојски Салун и прошетка до црквата која се наоѓа на српската страна на местото.  Во пладневните часови сместување во Хотел Мона 4* ( https://www.monazlatibor.com/ ), кој се наоѓа на одлична локација во центарот на Златибор. Слободно време за уживање во Спа Центарот на хотелот, базените, како и за индивидуални активности на Златибор.  Можност за заедничка факултативна вечера на групата, зависно од барањата на патниците. Ноќевање.

Трет ден: 11.03.2023 (Сабота)

Појадок. Факултативно заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот "Бела Водa" и познатата железница "Шарганска Осмица". Во попладневните часови враќање во Златибор и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Четврти ден: 12.03.2023 (Недела)

Појадок. Одјавување од хотелот, слободно време за кратка прошетка, кафе пауза, купување сувенири и шопинг на Златибор. Заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Прошетка по познатата Променада со можност за индивидуален ручек и посета на  многуте продавници во местото. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Промо цена за резервација до 21.01.2023: 9.990 ден.

Редовна цена: 10.990 ден.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок  во Хотел Мона 4* ( https://www.monazlatibor.com/ )
  • Бесплатно користење на велнес центар ‘Инспириум’ во хотелот ( затворен базен, 2 топли хидромасажни базени, теретана итн... )
  • Посета на Ел Пасо
  • Посета на Врњачка Бања
  • Организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник на патувањето
  • Oрганизиран превоз од Кавадарци, Неготино и Велес

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Дрвенград, Бела Вода и Шарганска осмица со вклучена влезница и локален водич - 20 евра по лице
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување (информации во агенција)
  • Туристичка такса  и хотелско осигурување 179 денари по лице за 2 ноќи (се плаќа во агенција)
  • Можност за заедничка факултативна вечера
  • За користење на сауна свет во хотелот доплата 4 евра по лице на лице место

Напомени и услови:

  • Деца до 7 години бесплатно (доколку делат кревет со родител или на помошно креветче). Плаќаат само превоз доколку користат - 3.490 ден.
  • Доплата за деца од 7-12 години - 6.590 ден. за пакет аранжман со организиран превоз (со сопствено седиште во автобус).  За аранжман со сопствен превоз деца од 7-12 години – 2.890 ден.
  • Доплата за 3-то возрасно лице – 8.790 ден. за пакет аранжман со организиран превоз. За аранжман со сопствен превоз доплата за 3-то возрасно лице  – 5.390 ден.
  • За еднокреветна соба се одбива 15% од редовна цена на аранжманот
  • Цена за аранжман со сопствен превоз по лице – 6.790 ден.
  • За реализација на ова патување потребни се минимум 35 патници

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ И ТА СКОБУЛ